Германско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 169:
[[Слика:Armisticebrestlitovsk.jpg|мини|десно|Границите по [[Мир во Брест-Литовск|мировниот договор во Брест-Литовск]]]]
Додека состојбата на западниот фронт била безизлезна, борбите на Источниот фронт често завршувале со германска победа. Многу лошата организирана и наоружана руска војска не била во можност да ја победи многу подобро организираната германска војска, па затоа Германците успешно се ширеле на исток. Германија профитирала од внатрешните политички конфликти во Русија, а со тоа во 1916 година му осигурала на рускиот комунист [[Владимир Ленин]] пат низ Германија на пат во Русија. Германците сметале дека Ленин ќе ги продолжи политичките нереди во Русија, и дека Русија по тоа веќе нема да биде способна да војува, така што германската војска би победила на Источниот фронт, што би воедно довело и до префрлување на голем број војници од Источниот на Западниот фронт за понатамошна војна со [[Антанта|сојузниците]].
 
Во [[1917]] година во [[Русија]] избиле две револуции во кои било срушено царството и бил воспоставен [[комунизам|комунистичкиот]] режим под водство на Владимир Ленин. Поради тоа што имал премногу внатрешни проблеми, Ленин одлучил да го сопре походот на Германија и Австроунгарија и да ја пренасочи воената сила во борбата против внатрешните непријатели, приврзаници на веќе соборениот крал Николај II. [[Мировен договор во Брест-Литовск|Мировниот договор во Брест-Литовск]] од 1918 година, комунистичката власт на Русија дала огромна територија на располагање на Германија само да би ставиле крај на војната на Источниот фронт. Таа територија денес ги вклучува [[балтички држави|балтичките држави]] ([[Естонија]], [[Литванија]], [[Летонија]], [[Украина]] и [[Белорусија]]). Секако мировниот договот ја ставила Германија во поволна положба. Не само што огромната количина на територија дадена на Германија и тоа што Русите со тоа морале и да и плаќаат воена оштета на Германија, туку и тоа што Германците можеле да префрлат голем број на војници на Западниот фронт и да се посветат на војната со остатокот од [[Антанта|Антантите]].
 
== Наводи ==