Викинзи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
викификација, поправка на правопис
ситна поправка
Ред 5:
Викинзите биле познати по нивните долги бродови и способности за навигација. Во рок од неколку стотина години тие успеале да ги колонизираат бреговите и реките на Европа, [[Шетландски Острови|Шетландските Острови]], [[Оркниски Острови|Оркниските Острови]], [[Фарски Острови|Фарските Острови]], [[Исланд]], [[Гренланд]] како и привремено (околу 1000 година), [[Њуфаундленд]].[http://www.ncbi.nlm.nih.gov/entrez/query.fcgi?cmd=Retrieve&db=pubmed&dopt=Abstract&list_uids=16331154&query_hl=3&itool=pubmed_docsum]. Истовремено успеале да пљачкаат и тргуваат јужно дури до [[Северна Африка]] а источно до [[Русија]] и [[Константинопол]]. Викиншките патешествија почнале да се намалуваат откако [[христијанство]]то се проширило низ [[Скандинавија]] во доцниот [[10 век|10]] и [[11 век]]. Викиншкото доба се вели дека завршило со [[Битка на мостот Стемфорд|битката на мостот Стемфорд]] во 1066 година.
 
Во [[18 век]], зборот ''викинг'' почнал да се користи во [[англиски јазик|англискиот јазик]] со [[романтизам|романтични]] конотации. [[етимологија|Етимолозите]] тврдат дека првата употреба на зборот потекнува од англо-француските писатели; тие го употребувале зборот „''víkingr''“ за некој што напаѓал (правел рации) и пљачкал. [http://www.algonet.se/~gwarner/etymology.htm] Во модерните скандинавски јазици, поимот ''викинг'' се користи за луѓе кои оделе на викиншки експедиции, без разлика дали тие биле за воена или трговска намена. Во денешниот [[англиски јазик]], зборот викинг најчесто се користи да опише било кои [[Скандинавци]] од викиншкото доба. Пред-христијанските скандинавци исто се нарекуваат [[НормНорман]]ании.
 
Во англискиот јазик, фразата „''to go a-viking''“ значи да се напаѓа, да се направи рација. Самиот збор се состои од два дела: ''вик'' (''залив'') и ''инг'' (потекло). Со други зборови, зборот ''вик-инг'' буквално значи „тие што живеаат во заливот“.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Викинзи