Германско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 158:
 
Германските расправии со [[Франција]] и поддржувањето на [[Австроунгарската]] окупација врз [[Босна и Херцеговина]] во [[1908]] година, ги уништило добрите врски со [[Русија]], потинцијалниот сојузник во борбата против [[Велика Британија|Британската]] превласт. По усогласувањето помеѓу Британците и [[Руси]]те против германската агресивна надворешна политика и решавањето на расправиите со [[Франција]], Германија останала изолирана и со еден лојален сојузник Австроунгарија. Исто така [[Австроунгарија]] се потпирала на Германија како единствен прав сојузник и зависела од германската поддршка на етничкиот национализам и мултиетничкото Австроунгарско царство. Германскиот втор сојузник, [[Италија]] видела многу повеќе профит во превземањето на поголемиот дел од [[Хрватска|Хрватското]] крајбрежје, која во тоа време била во склоп на [[Австроунгарија]], а не била во сојузништво со Германија.
 
== Првата светска војна и крајот на Царството ==
 
По [[Сараевски атентат|атентатот]] врз австроунгарскиот престолонаследник [[Франц Фердинанд]] кој го извршил босанскиот србин [[Гаврило Принцип]], царот Вилхелм II му понудил на австрискиот цар [[Франц Џозеф]] полна помош и поддршка во нападот над [[Србија]], која ја обвинувале за атентатот. По одбивањето на [[Србија]] на барањето на [[Австроунгарија]] да пристигнат австриски истражувачи за случајот на атентатот, Австроунгарија започнала инвазија врз Србија. Германија не очекувала војна, а и мислела дека ако избие војна ќе биде на регионално ниво, помеѓу Австрија и Србија во која би се вклучила евентуално и [[Русија]]. По застанувањето на Германија зад постапките на Австроунгарија, а [[Франција]] и [[Обединето Кралство|Британија]] со Русија, би било очигледно, ако избие војна, дека [[Европа]] ќе се соочи со најголемата војна во својата историја.
 
Германија беше во војна со насочување кон нејзиниот главен ривал, [[Франција]]. Германија во Франција видела голема закана на европскиот континент, која би можела побрзо да се мобилизира од [[Русија]] и да ја превземе во суштина германската индустрија во долината на реката [[Рајна]]. За разлика од Британија и Русија, Французите се вклучиле во војната пред све поради освета на Германија, посебно поради губењето на градовите [[Алзас]] и [[Лорен]] во [[1871]] година. Германското врховно заповедништво знаело дека Французите собирале војска за влез во Алзас и Лорен. Германија не сакала да ризикува со долги битики на германско-француската граница па наместо тоа го прифатила [[Шлифенов план|Шлифеновиот план]], воен план осмислен така што би била избегната напорната битка на германско-француската граница. Германската војска влегла низ земјата [[Бенелукс]] во [[Франција]], спуштајќи се спрема [[Париз]] и опколувајќи го, а со тоа брзо ја победиле француската војска на француско-германската граница. По поразот на француската војска. По поразот над француската војска, Германија се свртила кон Русија. Меѓутоа, Французите по поразот на својата војска пружале жесток отпор бранејќи го нивниот главен град, Германците не морале да се повлечат по [[Прва битка на Марни|првата битка на Марни]].
 
== Наводи ==