Алеко Василев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 56:
Според изработениот план, Шанданов и Ѓурков истовремено требало да стрелаат во Георги Атанасов, а Панчо Михајлов и Дрангов во Алеко Василев-Пашата, по што планирале заеднички да пукаат од револверите кон вратата за да го спречат обезбедувањете да влезе во просторијата.
 
''Четворката влегла во куќата, а набргу им се придружиле Александар Протоѓеров и Алеко, кои откако се ракувале ги започнале разговорите на тој начин што Протоѓеров, Панчо Михајлов и Ѓурков излегле на балконот, а во собата останале Алеко Пашата, Дрангов и Шанданов, додека Атанасов се наоѓал во соседната одаја. Во разговорот Алеко го повикал Дрангов да излезат надвор и во моментот кога стигнале до вратата, последниот се свртел и со поглед го прашал Шанданов што да прави, при што со знак добил потврден одговор за акција. Настаните се одвивале со голема брзина: Петар Шанданов и Дрангов исто-времено пукале во грбот и во главата на Алеко, кој паднал мртов. По првите истрели, Панчо Михајлов и Јордан Ѓурков, изненадени од предвремениот почеток на нападот, со своите револвери почнале да пукаат преку прозорците во собата каде што бил Атанасов со обезбедувањето. Протоѓеров, кој не знаел ништо за планираната акција, се скрил во едно ќоше. Во престрелката Атанасов со обезбедувањето се обидел да се пробие со активирање на бомба, но и покрај експлозијата, која не им наштетила на Шанданов и Дрангов, пресретнат од насочената стрелба кон вратата, не успеал. Ѓурков и Дрангов во сета таа мешаница ги насочиле револверите кон Протоѓеров и заповеднички го запрашале, зошто го убиле Александров, на што тој очајнички одговорил дека не знае ништо за убиството на Тодор. Луѓето на Атанасов успеале преку прозорец во соседната соба да побегнат на улица, иако таму излегле да ги пресретнат Ѓурков и Панчо Михајлов'' <ref name="ATEN" />.
 
== Наводи ==