Алеко Василев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 25:
Македонија, пред се кај членовите и симпатизерите на БКП.
 
БКП пред почетокот на востанието се обидела да ја привлече на своја страна и ВМРО или ако тоа е невозможно, барем да ја неутрализира. Таквата возможност се гледала во создавањето на едно лево течение, внатре во Организацијата, кое било предводено од бивши членови на Серскиот револуционерен округ, блиски до [[Јане Сандански]], како и членови на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] на кои им биле блиски комунистичките идеи. Во полза на тоа оделе и не толку добрите односи меѓу владата на [[Александар Цанков]] и раководството на ВМРО по прашањето за подобрување на односите меѓу [[Бугарија]] и [[Кралството на СХС]]. Сето тоа придонело ВМРО во преговорите со БКП да вети дека ќе остане неутрална за време на востанието и дека ако тоа успее, ќе ја признае новата комунистичка власт. Но како услов за својата неутралност раководителите на ВМРО го поставиле барањето во Пиринскиот дел на Македонија да нема востанички акции. Дури еден дел од левицата на Организацијата на чело со Алеко Василев-Пашата, активно го помагале септемвриското комунистичко востание <ref name="ATEN">ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Автори Виолета Ачковска и Никола Жежов,Скопје,2004 год</ref>.
[[Податотека:Aleko Vasilev IMRO cheta.jpg|десно|мини|350п|Четата на Алексо Пашата.]]
На [[24 септември]] раководителите на востанието дознале дека во многу краеви на Бугарија востанието воопшто не било кренато, а таму каде што избувнало во поголем број случаи било задушено. Откако сфатиле дека нивната борба била изолирана и дека против нив се кренале и четите на ВМРО заедно со редовната бугарска војска, меѓу локалните раководители на востанието била донесена одлука да се влезе во преговори со раководството на ВМРО, при што последното да се обврзе дека ќе го поштеди животот на востаниците. Преговорите помеѓу востаниците и ВМРО започнале на [[24 септември]] при што бил постигнат договор според кој востаниците го предале оружјето, со ветување дека нема да бидат убиени.
 
По овие настани започнало преследување од страна на власта врз учесниците во Септемвриското востание, во што се вклучиле и вооружените чети на ВМРО, при што им биле изречени смртни пресуди на поголемиот дел од водачите на востанието, но благодарение на наклоноста на Алеко Василев-Пашата, дел од нив се спасиле <ref name="ATEN" />.
 
За време на истите настани од припадниците на ВМРО, [[Михаил Монев]], [[Васил Мечкуевски]] и [[Иван Караџов]] во [[Горна Џумаја]] биле убиени комунистите: [[Димитар Ацев]], [[Никола Лисичкови]] нотарот на градот [[Стефан Велинов]]. Тие биле обесени, а нивните тела биле оставени да висат неколку дена во градот. На нивното убивање претходеле ветувањата дека животите на поголемиот дел од останатите востаници ќе бил поштеден и тие ќе биле заштитени од Алеко Пашата.