Алеко Василев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 52:
По иницијатива на Шанданов, бил изготвен план според кој Ванчо Михајлов телефонски ги известил Алеко Пашата и Атанасов како и раководителите на Илинденската организација да се одржи заедничка средба во Горна Џумаја, што од нивна страна било прифатено, а во последен момент Михајлов требало да ја откаже средбата и наместо него да заминат Шанданов, [[Панчо Михајлов]] и [[Јордан Ѓурков]].
 
На [[11 септември]] во Горна Џумаја пристигнале луѓето на Михајлов, таму биле пречекани од Асен Даскалов и Борис Тиков. Следниот ден се одржала средба помеѓу Шанданов, Алеко Пашата, Атанасов и Протоѓеров. Средбата започнала со голема недоверба меѓу присутните од двете групи. Најпрвин зборувал членот на ЦК, Протоѓеров, кој со солзи соопштил дека оваа средба по убиството на Александров била со цел да се зачува единството на ВМРО и таа да се спаси од распаѓање. Откако зеле збор и Шанданов и Алеко Пашата, бил утврден дневниот ред на состанокот по однос на разни тековни прашања, при што и покрај тензиите, разговорите протекле многу мирно. Ноќта на 12 септември пристигнале раководителите на Илинденската организација и [[Кирил Дрангов]] кој по наредба на Михајлов го известил околискиот началник на ВМРО, Константин Алексиев за престојната акција.
 
Според изработениот план, Шанданов и Ѓурков истовремено требало да стрелаат во Георги Атанасов, а Панчо Михајлов и Дрангов во Алеко Василев-Пашата, по што планирале заеднички да пукаат од револверите кон вратата за да го спречат обезбедувањете да влезе во просторијата.