Алеко Василев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 53:
=== Горноџумајски случувања ===
На 12 и 13 септември 1924 година во [[Горна Џумаја]] биле извршени повеќе ликвидации како резултат на длабоката криза и поделбите во македонското револуционерно движење. Новиот член на ЦК на ВМРО, [[Иван Михајлов]] за убиството на Александров го обвинил таборот од спротивното течение во револуционерното движење и решил да се пресмета со противниците на ВМРО, првенствено со левицата во Организацијата, предводена од Алеко Василев - пашата и [[Георги Атанасов]] и со раководството на [[Илинденската организација]].
 
По иницијатива на Шанданов, бил изготвен план според кој Ванчо Михајлов телефонски ги известил Алеко Пашата и Атанасов како и раководителите на Илинденската организација да се одржи заедничка средба во Горна Џумаја, што од нивна страна било прифатено, а во последен момент Михајлов требало да ја откаже средбата и наместо него да заминат Шанданов, [[Панчо Михајлов]] и [[Јордан Ѓурков]].
 
== Наводи ==