Алеко Василев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 26:
 
БКП пред почетокот на востанието се обидела да ја привлече на своја страна и ВМРО или ако тоа е невозможно, барем да ја неутрализира. Таквата возможност се гледала во создавањето на едно лево течение, внатре во Организацијата, кое било предводено од бивши членови на Серскиот револуционерен округ, блиски до Јане Сандански, како и членови на ВМРО на кои им биле блиски комунистичките идеи. Во полза на тоа оделе и не толку добрите односи меѓу владата на [[Александар Цанков]] и раководството на ВМРО по прашањето за подобрување на односите меѓу Бугарија и Кралството на СХС. Сето тоа придонело ВМРО во преговорите со БКП да вети дека ќе остане неутрална за време на востанието и дека ако тоа успее, ќе ја признае новата комунистичка власт. Но како услов за својата неутралност раководителите на ВМРО го поставиле барањето во Пиринскиот дел на Македонија да нема востанички акции. Дури еден дел од левицата на Организацијата на чело со Алеко Василев-Пашата, активно го помагале септемвриското комунистичко востание.
[[Податотека:VnchMhjlv2.jpg|десно|250п|thumb|Од лево на десно: Алексо Василев, [[Крум Петишев]], [[Тодор Александров]], непознат и [[Силко Цветков]].]]
 
На 24 септември раководителите на востанието дознале дека во многу краеви на Бугарија востанието воопшто не било кренато, а таму каде што избувнало во поголем број случаи било задушено. Откако сфатиле дека нивната борба била изолирана и дека против нив се кренале и четите на ВМРО заедно со редовната бугарска војска, меѓу локалните раководители на востанието била донесена одлука да се влезе во преговори со раководството на ВМРО, при што последното да се обврзе дека ќе го поштеди животот на востаниците. Преговорите помеѓу востаниците и ВМРО започнале на 24 септември при што
бил постигнат договор според кој востаниците го предале оружјето, со ветување дека нема да бидат убиени.