Алеко Василев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
За време на истите настани од припадниците на ВМРО, Михаил Монев, Васил Мечкуевски и Иван Караџов во Горна Џумаја биле убиени комунистите: Димитар Ацев, Никола Лисичкови нотарот на градот Стефан Велинов. Тие биле обесени, а нивните тела биле оставени да висат неколку дена во градот.584 На нивното убивање претходеле ветувањата дека животите на поголемиот дел од останатите востаници ќе бил поштеден и тие ќе биле заштитени од Алеко Пашата.
=== Убиство на Тодор Александров ===
На 31 август 1924 година кај селото [[Лопово]] на Пирин Планина бил убиен водачот на ВМРО, [[Тодор Александров]]. Атентатот бил направен на следниот начин: Една е верзијата на ВМРО, која
најмногу се базирала на кажувањата на неколку лица, директни учесници во тие настани, а пред се исказот на Динчо Мицев Сугарски. Според него Алеко Василев-Пашата, пред Гоце Манолев, Петар Говедаров, Гогата Полски и Никола Хаџиев, во куќата на Говедаров, му наредил нему да отиде од селото Горна Сушица, преку Мелник, во селото Деремислим за да пречека едно лице, коешто требало да го спроведе во селото Лопово. Во наведеното село со него дошле и војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров, коишто биле блиски со Алеко Василев-Пашата. Вечерта на одреденото место пристигнале три лица и целата група заминала во селото Горна Сушица, каде што во куќата на Гоце Манолев пристигнал уште и Динчо Марков Балкански. Овде Вретенаров и Влахов го повикале Динчо Сугарски и Динчо Балкански надвор од куќата и под заклетва им соопштиле, дека дојдените лица биле Тодор Александров и Александар Протоѓеров, им објасниле кој е едниот, а кој другиот и им
кажале дека по патот ќе го убијат Тодор Александров.
 
Според овој исказ, им било речено дека убиството требало да се изврши по наредба на Алеко Пашата. Околу 11 часот, претпладне групата во состав: Тодор Александров, Александар Протоѓеров, телохранителот на Александров, Панзо Зафиров, Штерју Влахов, Динчо Вретенаров, Динчо Балкански и Динчо Сугарски, на коњи се упатиле кон селото Лопово, каде што требало да се одржи Окружен конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО. По настојување на Вретенаров и Влахов се тргнало по потешкиот и пострмен пат кон селото, што веројатно било дел од заговорничкиот план. По патот атмосферата била весела и опуштена, при што Александров не претчувствувајќи ја опасноста, си разговарал со Протоѓеров и останатите. Во еден момент групата била престигната од едно момче, кое имало задача да донесе одморени коњи, но тоа незабележано од Александров било запрено од Штерју Влахов, којшто веднаш го вратил назад. На едно планинско изворче, групата застанала да ги освежи своите сили со храна. За цело време на ручекот се воделе разговори по однос на плановите на
Организацијата и по однос на борбата на истата со претходната земјоделска влада на Бугарија, при што Александров бил љубезен со сите и на неколку пати ја делел храната со другите негови соборци. По јадењето групата го продолжила патувањето, при што Александров му ја дал на носење својата пушка на Динчо Сугарски, со што останал без оружје. По извесно време, тие пак застанале со
цел да ги одморат коњите, а воедно и тие малку да отпочинат, што било
искористено од страна на заговорниците, секавично да дејствуваат. Штерју Влахов и Динчо Вретенаров, застанале над Тодор Александров и стрелале со пушките во него, при што разбуден од истрелите неговиот телохранител Панзо Зафиров се обидел да ја дофати својата пушка, но и тој бил застрелан од страна на Динчо Балкански. Александар Протоѓеров изненаден од брзината на дејствијата се онесвестил и со таа своја постапка останала нејасна неговата улога во атентатот врз Тодор Александров. По убиството телата на двајцата убиени набрзина биле закопани во блиската шума.
 
== Наводи ==