Германско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 147:
 
[[Вилхелм II]] сакал да и направи на [[Германија]] "место под сонцето", па така исто како [[Велика Британија]] почнал да освојува и да создава колонијални територии ширум [[Африка]] и [[Пацифик]]от. Поголемата африканска територија веќе од порано била колонизирана, така што Германија немала лесна задача. Ги превземале сите неколонизирани држави во Африка и створиле таканаречена [[Германска Југозападна Африка]] во која што спаѓале [[Намибија]], [[Германски Камерун]], [[Камерун]] и [[Германска Источна Африка]] ([[Танзанија]]). Германија исто така добила и некои острови во [[Пацифик]]от. Кинеското пристаниште [[Чингдао]], било конкурентно пристаниште со британскиот [[Хонг Конг]] и португалското [[Макао]]. Африканските колонии остварувале некаков профит на Германија, додека пак пацифичките острови не биле од никакво економско значење. Служеле само за ширење на [[Германски јазик|германскиот јазик]] и за влијание во светот. Германија, која била финансирана од Германската Банка, се вклучила во проектот за изградба на Багдадска железница ([[1900]] - 1911) заедно со [[Османско царство|Османскиото царство]], што покренало настанување на германски пристаништа-градови на [[Близок Исток|Блискиот Исток]]<ref>Stürmer, Michael. (2000). ''The German Empire: 1870-1918.'' New York: A Modern History Library Chronicles Book. p. 91</ref>. Создавањето на Багдадската железница било поддржано и од [[Велика Британија]], која верувала дека со тоа дека, трговијата помеѓу неа и Германија ќе биде поголема. Меѓутоа како што времето изминувало, Британците увиделе дека германските напори за подобрувањето на своето влијание на [[Блзок Исток|Блискиот Исток]] би довело до смалување на британското влијание, па затоа Британците побарале прекин на изградбата на Багдадската железница. Барањето било прифатено од Германија и од [[Османското царство|Османското царство]]. [[Ото фон Бизмарк|Бизмарк]] пак, имал и друга политика со која се противел на колонизацијата. Сметал дека Германија ќе добие меѓународна моќ и доминација во [[Европа]] со создавањето на Германија во средна Европа така што би превземал некои делови од територијата на [[Руско царство|Руското царство]], што би довело до доволни економски ресурси и би остварило профит. Вилхелмовите напори за колонизација на неколкуте слободни територии во [[Африка]] и на [[Пацифик]]от наишло на големи критики од страна на германските [[Национализам|националисти]] и идниот нацистички лидер [[Адолф Хитлер]], затоа што пропуштил да направи Германско царство кое би се темелело само на [[Европа|европските]] територии.
 
Германскиот колонијализам на Вилхелм II ја вовлекол Германија во многу конфликти. Првиот конфликт се случил за време на [[Боксерско востание|Боксерското востаине]] во Чјингдау. Кинеските цивили протестирале против германската власт во таа покраина. На овој чин, царот брзо одговорил со вооружен напад, говорејќи дела [[Кинези]]те мораат да ја запамтат германската моќ и сила на ист начин како што европските народи ги запамтиле [[Хуни]]те. Таа изјава на царот била употребувана многу пати во [[Првата светска војна]] и [[Втората светска војна]] за исмејување на Германија и германскиот народ. Друг случај бил кога насилната германска политика два пати скоро предизвикала војна со [[Франција]] околу прашањето за [[Мароко]].
 
Германскиот колонијализам исто така резултирал со многу неславни потези. Како што биле бројните [[геноцид]]и во Германска Југозападна Африка (денешна [[Намибија]]), посебно оној над племето Хереро и Нама. По превземањето на југозападна [[Африка]], германските бели доселеници се населиле на земјата на африканските племиња Хереро и Нама, со цел да ги угладнуваат и ги преместат во [[резервати]]. Припадниците на племињата Хереро и Нама станале [[роб]]овска сила, додека пак нивната земја била искористена како вреден извор, особено за вадење на драги камења и [[дијамант]]и. Во [[1903]] и [[1904]] година, припадниците на племињата Хереро и Нама направиле бунт против германската власт во [[источна Африка]]. Како одговор на бунтот, Вилхелм II го пратил германскиот воен заповедник [[Лотар фон Трота]] во југозападна [[Африка]] како би ги прогонувал припадниците на племето Хереро од источна Африка. Фон Трота дал ултиматум на племето Хереро.
 
[[Слика:Surviving Herero.jpg|300px|мини|десно|Припадниците на племето Хереро по бегството во пустината пред германските војници]]
<blockquote>''Јас, големиот генерал на германските трупи, го праќам ова писмо до припадниците на племето Хереро... Сите припадници на племето Хереро мораат да ја напуштат оваа земја... Ако било кој припадник на племето биде пронајден внатре во германските граници, со оружје или без него, со домашно животно или без него, ќе биде стрелан. Веќе нема да примам жени или деца; туку ќе ги пратам назад во племето и ќе ги убијам. Тоа е моја одлука за сите припадници на племето Хереро.''<ref name="BBC120104">[http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/Africa/3388901.stm Germany regrets Namibia 'genocide'], ''[[BBC News]]'', January 12, 2004</ref></blockquote>
 
== Наводи ==