Георги Баждаров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
=== Македонска револуционерна организација ===
Георги Баждаров е роден на 8 февруари 1881 во серското село [[Горно Броди]], тогаш во [[Отоманската империја]]. Образование добива во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската машка гимназија]] (1896 - 1899) и [[Битолска машка гимназија|Битолската гимназија]] (1899 - 1900), каде што заедно со [[Трпен Марков]], [[Андреј Кезепов]], [[Георги Христов (револуционер)|Ѓорѓи Христов]] и [[Георги Тодоров]] формира ученички револуционерен кружок на [[Бугарското тајно револуционерно братство]], на чело со Марков <ref>Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 136.</ref>.
[[Податотека:Karakoy-Alibotush-Gathering.jpg|лево|мини|350п|Зборната серска чета во февруари 1903 година во пештерата Капе во близина на селото Крушово, Серско. Во првиот ред е Демирхисарската чета. Баждаров е четврти лево кон десно.]]
 
Учителствува во селото [[Крушово]], Демирхисарско во 1900 - 1901 година и е член на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет. По 1901 година е четник при [[Јане Сандански]], од мај 1902 до октомври 1903 година е секретар во четата на [[Иљо Крчовалијата]], а подоцна во четата на [[Атанас Тешовалијата]]. Во летото 1903 година е делегат од Серско на конгресот на Серскиот револуционерен округ <ref>Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 450.</ref>. Учествува во [[Илинденското востание]].