Георги Баждаров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16:
 
Учителствува во селото [[Крушово]], Демирхисарско во 1900 - 1901 година и е член на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет. По 1901 година е четник при [[Јане Сандански]], од мај 1902 до октомври 1903 година е секретар во четата на [[Иљо Крчовалијата]], а подоцна во четата на [[Атанас Тешовалијата]]. Во летото 1903 година е делегат од Серско на конгресот на Серскиот револуционерен округ <ref>Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 450.</ref>. Учествува во [[Илинденското востание]].
 
По востанието се населува во Бугарија и во 1906 година завршува историја и географија на Софискиот универзитет.
 
По [[Младотурската револуција]] во 1908 година учителствува во Солунската егзархиска гимназија (1908 - 1913) и е меѓу основачите на [[Сојуз на бугарски уставни клубови|Сојузот на бугарските уставни клубови]] и е член на градското биро на партијата во Солун. Учествува во основачкиот конгрес на Сојузот на бугарските наставници во Отоманската империја во 1909 година и учествува на неговиот втор конгрес во 1910 година. Уредник е на весниците "Учителски глас" (1910 - 1912) и "Искра" (1911 - 1912) <ref>Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 388.</ref>.
 
По [[Втората балканска воjна]] во 1913 година се населува во Софија. Од 1913 до 1915 година е учител во Варна, а од 1915 - 1916 и од 1918 до 1920 - во Софија. Автор е на ''"Револуционерната борба во Македонија"'', издадена во 1917 година.
 
=== ВМРО ===