Рипуарски Франки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Историја: дополнување
Ред 11:
 
Рипуарците се појавуваат во пишаната историја во првата половина на 7 век, кога го добиле Рипуарскиот закон (Lex Ripuaria) од страна на подоминантните Салиски Франки.<ref>Rivers 1986:_?.</ref>
 
=== Кралството на Рипуарските Франки ===
{{see also| [[Список на кралеви на Рипуарските Франки]].}}
Политичката ситуација за Франките се изменила во средината на 5 век. [[Клодион]] Долгокосиот ја нападнал [[Белгиска Галија|Белгија Секунда]], бил поразен од Аециј но овој му доделил на Клодион ''[[федус]]'' на териториите кои ги освоил<ref>{{Rouche, 1996, p. 116-117}}.</ref>. Оваа ситуација ги изолирала Рипуарските Франки од римскиот свет додека на југ биле блокирани од Бургундите, кои пак добиле федус во [[Горна Германија|Германија Секунда]], а и од Алеманите кои ги потиснувале накај југозапад. Освен тоа Рипуарците трпеле притисок и од други германски народи. Во 451, се наоѓале во близина на напливот на [[Хуни]]те на [[Атила]]. Единствената опција да преживеат било да се обединат во единствено кралство.
 
Ниеден документ не ја споменува датата на основање на кралството на Рипуарските Франки. Може само да се претпостави дека тоа било некаде меѓу 431, датата на федусот меѓу Аециј и Клодион, и 469.
 
[[Слика:Les Francs en Belgique romaine.svg|thumb|upright=1.8|Кралствата на Франките околу 480<ref>Rouche, 1996, p. 188.</ref>.]]
 
Токму околу таа дата едно писмо од [[Сидониј Аполинар]] раскажува дека некој принц по име Сигемер дошол во Лион да се жени. Описот на облеката ги навело историчарите да заклучат дека станувало збор за принц на Рипуарските Франки а фактот дека се оженил со некоја од Лион, еден од главните градови на [[Бургундија|бургундското кралство]], остава простор да се мисли дека се оженил со бургундска принцеза<ref>Settipani, 1996, p.31.</ref>. Од 461/465, бургундскиот крал [[Гондиок]] е еден од тројцата [[Магистер милитум|''Магистри милитум'']] во Галија, именуван по совет на неговиот зет [[Патрициј (титула)|патрицијот]] [[Рицимер]]. Кралот на Бургундите бил значајна личност од прв план во таа епоха а бракот на Сигемер бил веројатно склучен во рамки на некаков сојуз меѓу кралството на Рипуарските Франки со она на Бургундите против заедничкиот непријател - [[Алемани]]те. Според германскиот историчар Франц Стааб, кој главно се потпирал врз археолошки пронајдоци, а особено оние од франските ископини од Ренанија, веројатно на таа дата Рипуарските Франки добиле одобрение од Гондиок и Рицимер да се населат на левиот брег на Рајна и да го направат [[Келн]] нивна престолнина<ref>Staab, 1997, p. 550</ref>.
 
Преку ваквите сојузи Рипуарските Франки се ставиле во положба да им бидат непријатели на [[Салиски Франки|Салиските Франки]] : впрочем Гондиок, новиот сојузник на Рипуарците бил спротивставен на еден друг ''магистер милитум'', римјанинот [[Егидиј]] кој бил во сојуз со Салијците <ref>Werner, 1984, p.333</ref>,<ref>Staab, 1997, p. 562</ref>,<ref>Riché Périn, 1989, p. 308, белешка « Francs rhénans (ripuaires) ».</ref>.
 
Една од двете први акции била да се освои градот [[Триер]] со цел географски да се доближат до Бургундија и да направат солиден блок против Алеманите. Повеѓето историчари мислат дека ова освојување се случило околу 470, кога грофот [[Арбогаст (гроф на Триер)|Арбогаст]] го напуштил градот <ref>Rouche, 1996, p.180</ref>,<ref>Werner, 1984, p. 331</ref>, Но Франц Стааб, врз основа на археолошките ископувања околу градот Триер, смета дека освојувањето се случило подоцна <ref>Staab, 1997, p. 554-555</ref>. Околу 500, тие се населиле и во регионот на Мец како што покажува географскиот атлас од анонимен автор од Равена кој ги опишува овие региони како дел од ''Francia Rinensis''.
 
На крајот на 5 век, на чело на кралството бил кралот [[Сигеберт Куциот|Сигеберт]]. Се чини дека тој одново станал сојузник на Салиските Франки на [[Клодовик I|Клодовик]], но не учествувал во походот кој Клодовик го водел против [[Сиагриј]], за разлика од франските кралеви [[Рагнакер]] и [[Харарик]]. Можно е неговата задача да била да го чува ’’грбот’’ на франските кралства. Во 496, Алеманите го нападнале неговото кралство и овој морал да го викне Клодовик за да ги одбие нивните напади. Тој бил ранет во оваа битка од каде му е и прекарот « Сигеберт Куциот ». Во 507, испратил војска на чело со [[Хлодерик]], која се борела заедно со Клодовик во борбата против Визиготите во битката кај [[Битка кај Вује|Вује]]. Сигеберт умрел некое време подоцна па така Хлодерик и Рипуарските Франки го одбрале Клодовик за свој крал <ref>Riché Périn, 1989, p.308, белешка « Sigebert le Boiteux ».</ref>,<ref>Kurth, 1893, p. 437-442</ref>,<ref>Bordonove, 1988, p. 143-6</ref>.
 
==Наводи==