Македонска младинска тајна револуционерна организација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 46:
За цело време на Кралството Југославија живите приврзаници на Иван Бојаџиев настојувале да го зачуваат својот македонски политички интегритет. Тие одржувале контакти со прогресивните сили на македонското национално и револуционерно движење и во текот на Втората светска војна се вклучиле во ослободителната војна на македонскиот народ. Оние што му останале верни на ВМРО во текот на војната се ставиле во служба на бугарската окупаторска власт во Македонија.
 
По завршувањето на судскиот процес, ликвидациите на дејците од ММТРО продолжиле. Коста Црнушанов истакнува: ''Два дена откако беше произнесена пресудата во Скопје, на улица во Струмица беше застрелан членот на ММТРО Томе Кујунџиев. На 29 декември истата година во Неготино, во раните зори, беше застрелан младинецот Георги Ангушев, исто така, член на ММТРО, пишува Црнушанов. Еден месец подоцна, во Тетово бил убиен и адвокатот Борис Андрејчин, есента 1928 година на железничката станица Јесенице во Словенија бил ликвидиран Кирил Ципушев од Радовиш, исто така, член на младинската организација. Наредната година во подрумот на полициската станица во Штип бил убиен Благој Монев, еден од тие што биле ослободени на судскиот процес. Подоцна во Дојран беше застрелан низ прозорецот на неговата спална младинецот Кољо Чакаров, исто активист на ММТРО, а во текот на декември 1931 година во Гевгелија е убиен Трајко Попов, исто така, член на ММТРО, заедно со татко му Теохар Попов и неговиот другар Илија Димов, исто така, член на младинската организација''.
 
== Белешки ==