Македонска младинска тајна револуционерна организација: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 39:
Во мај 1927 година доаѓа до голема провала сред ММРТО <ref group="белешка" name="vg_o"/>. На 27 мај најпрво бил уапсен Димитар Ѓузелов, на 29 мај 1927 година, а потоа и другите дејци. По нивното апсење се спроведува т.н [[Скопски студентски процес|Скопскиот студентски процес]]. Судењето започнало на 15 ноември 1927 година и траело само неколку дена. Тоа побудило големо интересирање и за него пишувале сите поголеми европски весници. Пресудите биле изречени на 10 декември 1927 година. Деветмина од нив биле осудена на казна затвор - Димитар Ѓузелов од Дојран и Иван Шопов од Гевгелија на по 20 години строг затвор, Димитар Нацев од Струмица на 15, Димитар Чкатров од Прилеп на 10 години. На петмина од нив - Харалампие Фукаров, студент на Машински факултет во Белград, Тодор Гичев од Штип, Борис Андреев од Велес, Штерјо Баздов од Крушево и Борис Светиев од Битола им е изречена казна од по пет години затвор. Другите единаесетмина: Петар Хаџипанзов, Георги Хаџиманов, двајцата од Велес, Јордан Сапунџиев од Дојран, Кирил Вангелов, Христо Хаџикимов, Благој Манев, Тодор Христов, Страхил Иванов, Кирил Караџов, сите од Штип, биле ослободени
== Белешки ==
{{Reflist|group="белешка"|refs=
<ref name="vg_o">Според Иван Катарџиев провалата дошла од Инан Михајлов и неговите приврзаници. Тој подвлекува, кога во ВМРО сфатиле дека кај членовите на ММТРО постои бескомпромисна определба за самостојно и независно дејствување од ВМРО, довело до идејата за предавство на членовите на ММТРО. „Предавството, се сметало, би имало поголем пропаганден ефект отколку што би можело тоа да се постигне со дејност која не се вклопувала во шемата на активностите на ВМРО. Од експлицитното тврдење на Кирил Караџов од Штип, член на ММТРО и еден од притворените студенти, сугестијата за предавство потекнала од членовите на Задграничното претставништво, Георги Баждаров и Кирил Прличев, по средбата на планината Влаина. Тие на еден од делегатите од ММТРО во Горна Џумаја му порачале „да ги смират другарите што се бунат, во спротивно да инсценираат предавство“, види [http://www.utrinskivesnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=BF9107DCD288DA46A298D2D5C53A98BF&arc=1 Обвинетите македонски студенти ги бранел Анте Павелиќ]</ref>
}}
== Извори==
|