Славејко Арсов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: Роден е на 17 август 1878 година во Штип. Се школувал во ''Штип'', Скопје (1895) и Софија (1897/98...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
 
 
Роден е на 17 август [[1878]] година во [[Штип]]. Се школувал во ''Штип'', [[Скопје]] (1895) и [[Софија]] (1897/98). Во редовите на [[ТМОРО]] стапува во [[1899]] година. Во [[1900]] година паднал во затвор. Лежел во [[Кичево]] а потоа во [[Битола]]. По 14 месеци со откуп успеал да се извлече од затворот.
 
Во почетокот бил обичен четник во четата на војводата [[Марко Лерински]] (есен 1901), а потоа бил избран за околиски војвода во Битолско, па во Ресенско. Зел активно учество на [[СмилевскиотСмилевски конгрес|СмилевскиСмилевскиот конгрес]] и во [[Илинденско востание|Илинденското востание]] во борбите што се воделе во Ресенско.
 
По задушувањето на востанието отишол на лекување во [[Бугарија]]. Уште недолечен тргнал да се враќа во [[Македонија]] заедно со чета. На пат за Ресенско, на 22 август [[1904]] година, близу до с. [[Ѓуѓанци]] (Светиниколско), заедно со четата на [[Стојан Донски]], биле опколени од турски аскер. Цели 6 часа се водела тешка и крвава борба. Тешко ранет, С.Арсов извршил саможртва за да не падне жив во рацете на турскиот аскер.