Крсте Петков Мисирков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
StanProg (разговор | придонеси)
с →‎Понатамошни активности и смртта: врска Борис Мисирков (преведувач)
Ред 76:
Понатака, Мисирков го дочекал револуционарните настани од 1917 година. Бил отворен противник на присоединувањето на Бесарабија кон кралството романија, па поради тоа и го екстернирале од Кишинев во Одеса. Но повеќе не можел да остане во таа средина. Бидејќи си имал и семејство, тој заминал од Одеса во Софија, каде го пречекале со недоверба. Сепак добил служба во Етнографскиот музеј, потоа бил испратен во Карлово, но и понатака му се заканувале поради неговите отворени ставови во однос на македонското прашање. Побарал да добие служба во соседната држава Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Неговата молба останала без одговор. Оневозможен да се врати во Русија, фрлен на служба во провинциско место Копривштица, Мисирков западнал во криза. Се разболел тешко, претходно преплашен со закана дека ќе биде ликвидиран, па така се нашол во „Александровската болница“ во Софија, каде умрел на 26 јули 1926 година. Неговото семејство (сопруга и син) ги оставил без основни средства за живеење.<ref name="Георги" />
 
Мисирков е закопан во софиските гробишта парцела 89, ред 17, гроб 4 каде се наоѓаат и псмртните останки на [[Екатерина Михајловна - Мисиркова]], [[Сергеј Мисирков]] и [[Борис Мисирков (преведувач)|Борис Мисирков]]<ref>[http://kubura.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=466:2008-11-21-00-26-53&catid=9:2008-09-05-14-13-15&Itemid=8 Разговор со Борис Мисирков]</ref>.
 
Според спомените на неговата сопруга Екатерина, шест недели Крсте е лекуван без точно утврдена дијагноза, односно со претпоставка дека е менингит или енцефалит. По шест недели болки и повремени бесвестици, на 26 јули 1926 година Крсте Петков Мисирков умира во Александровата болница. Подоцна е утврдено дека умрел од тумор во мозокот. Мртов цел ден лежел во креветот: до него е само сопругата. Немало кој да го пренесе во мртовечницата, а сопругата немала пари за погреб. Свеќите што ги запалила, и ги донеле милосрдни сестри. Болницата понудила да го остават телото за секцирање, но Екатерина и синот Сергеј одбиле. До гробот за сиромашни во софиските гробишта го испратиле само десеттина души<ref>[http://kubura.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=466:2008-11-21-00-26-53&catid=9:2008-09-05-14-13-15&Itemid=8 Разговор со Борис Мисирков]</ref>.