Пипин Херисталски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова статија
 
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
'''Пипин од Херистал''', односно '''Пипин Херисталски''', (635/45 – 16 декември 714) бил [[мајордом]] на палатата на [[Австразија]] од 680 до неговата смрт и на палатата на [[Неустрија]] и [[Кралство на Бургундија|Бургундија]] од 687 до 695. Тој исто така бил и првиот мајордом кој владеел како [[Војвода и принц на Франките]] и ги засенил [[Меровинзи|меровиншките]] ''[[мрзлив крал|мрзливи кралеви]]''.
 
== Биографија ==
Пипин, понекогаш нарекуван '''Пипин II''' и '''Пипин Средниот''' му бил внук и имењак на [[Пипин Ланденски|Пипин I Стариот]] произлезен од бракот на ќерката на Пипин I [[Бега]] и [[Ансегизел]], синот на [[Арнулф од Мец]]. Овој брак ги обединил двете династии - [[Пипиниди]] и [[Арнулфинзи]] кои ја создале династијата на [[Каролинзи]]те. Пипин II веројатно бил роден во Херстал (поранешно име: Херистал), денешна [[Белгија]] (каде бил и центарот на неговата моќ), од каде и потекнува прекарот ("Херисталски").
 
Како мајордом на Австразија, Пипин и [[Мартин Лаонски|Мартин]], војводата од [[Лаон]], се бореле со неустрискиот мајордом [[Еброин]]. Еброин ги поразил Австразијците кај Лукофао, близу [[лаон]]) и малку му недостигало да ги обедини сите Франки под еден владетел; сепак, тој бил убиен во 681, паѓајќи како жртва од комбинираните напади на неговите бројни непријатели. Пипин веднаш направил примирје со неговиот наследник, [[Варатон]].
 
Сепак, наследникот на Варатон, [[Бертар]], и неустрискиот крал [[Теудерик III]], кој, од 679, бил именуван крал на сите Франки, направил војна во Австразија. Кралот и неговиот мајордом целосно биле поразени во [[Битка кај Тертри|битката кај Тертри]] во 687. Бертар и Теудерик се упатиле накај [[Париз]], но по нив дошол Пипин и веројатно ги натерал да потпишат мировен договор под услов Бертар да ја напушти функцијата. Пипин бил прогласен за мајордом на сите три кралства (Австразија, Неустрија, и Бургундија) и почнал да се нарекува [[Војвода на Франките|Војвода и принц на Франките]] (''dux et princeps Francorum'').
 
[[File:Base silver coin of Nemfidius patriarch of Provence 700 710 minted at Marseilles.jpg|thumb|left|Сребрена монета од [[Немфидиј]], патријарх на Прованса, 700-710, искована во [[Марсеј]] за време на владеењето на Пипин Херисталски.]]
Следните неколку години Пипин ги поразил [[Алемани]]те, [[Фризијци]]те, и [[Франконци]]те кај кои извршил франско влијание. Во 695, Дрого го поставил на местото мајордом на Бургундија а неговиот друг син, [[Гримоалд II|Гримоалд]], станал мајордом на Неустрија.
[[File:St Hubert of Liège offers his services to Pepin of Heristal.jpg|thumb|[[Хиберт|Свети Хиберт од Лиеж]] ги нуди своите услуги на Пипин Херисталски.]]
 
==Брак и потомци==
 
Околу 670, Пипин се оженил со [[Плектруда]]. Таа била мајка на [[Дрого Шампањски]] и на [[Гримоалд II]], од кои и двајцата починале пред својот татко.
 
Пипин имал и љубовница која се викала [[Алпаида]] (или Халпаида) која му родила уште два сина: [[Карло Мартел|Карло]] и [[Хилдебранд]]. Токму пред смртта на Пипин, Плекктруда го убедила да ги остави без наследство синовите од љубовницата во полза на неговиот внук [[Теудоалд]], синот на Гримоалд, кој сé уште бил млад (и под влијание на Плектруда). Пипин умрел ненадејно на постара возраст на 16 декември 714, во [[Жупиј]] (денешна Белгија). Неговите легитимни внуци тврделе дека се единствените вистински наследници на Пипин и со помош на Плектруда се обиделе да ги задржат позициите на мајордоми на палатата. Сепак, благородниците биле наклонети кон Карло, особено поради неговите добри воени вештини и поради тоа што им освојувал богатства стекнати во битките. И покрај напорите на Плектруда да го замолчи обидувајќи се да го отруе, тој станал единствениот мајордом на палатата – и ’’де факто’’ владеел со Франкија – после граѓанската војна која траела повеќе од три години по смртта на Пипин.