Унгуџа: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: right|350п|Карта на островот Унгуџа (Занзибар) '''Унгуџа''' или '''Зан...
(нема разлика)

Преработка од 02:22, 8 септември 2011

Унгуџа или Занзибар (свахили: Unguja или Zanzibar) е најголемиот и најзначајниот остров во Занзибар, Танзанија.

Карта на островот Унгуџа (Занзибар)
Карта на островот Унгуџа (Занзибар)

Географија

Унгуџа е ридест остров, со должина од 85 км (север-југ) и максимална ширина од 30 км (исток-запад). Зафаќа вкупна површина од 2.600 км². Сместен е во јужната половина на Занзибарскиот Архипелаг во Индискиот Океан, околу 59 км јужно од вториот остров по големина во архипелагот - Пемба. Унгуџа и танзаниското копно ги двои Занзибарскиот Теснец.

Островот е опкружен со разни помали острови, од кои само Тумбату и Узи се населени. Други забележливи острови се Баве, Чапвани, Чангу, Чумбе, Кизинго, Квале, Латам, Маутани, Миви, Мнемба, Мвана ва Мвана, Нианембе, Попо, Пунгуме и Уканга.

Politics

Унгуџа и околните острови се делат на региони: Занзибар Центар/Југ, Занзибар Север и Занзибар Град/Запад. Унгуџа му припаѓа на Занзибар, кој е уставно утврден како „дел“ од Танзанија, но со повисок степен на автономија. Управата на Занзибар е сместена во Стоун Таун, на западното крајбрежје на Унгуџа .

Население

Населението на Унгуџа во 2002 броело 622.459 жители[1], главно во градскиот регион на Занзибар.[2] Административен центар на островот е градот Занзибар, а во него спаѓа и историскиот Стоун Таун како и други приградски населби како Мичензани. Други поголеми места на островот се Мбвени, Мангапвани, Чвака и Нунгви.

Локалното население претежно говори „киунгуџа“ кој е дијалект на свахили. Ова наречје е употребено како стандард при утврдувањето на литературниот јазик.[3]

Стопанство

Главна стопанска гранка на островот е туризмот. Други локални гранки се земјоделството (вклучувајќи го одгледувањето на зачини како каранфилчето) и рибарството. Селата долж источното крајбрежје главно се заминаваат со одгледување на морски треви.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

6°08′26″S 39°20′12″E / 6.140555° ЈГШ; 39.336548° ИГД / -6.140555; 39.336548