Македонска младинска тајна револуционерна организација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 29:
 
== Организација ==
ММТРО се состоела од петчлени групи т.н ''петорки'', поврзани една со друга само со своите раководители. Првите петорки на организацијата се создаваат уште во мај и јуни 1922 година во [[Велес]], [[Битола]] и [[Штип]]. ММТРО ја поделила [[Вардарска Македонија]] на четири револуционерни окрузи - Скопски, Битолска, Охридска и Штипски. Нелегални ќелии на ММТРО биле формирани и сред македонските студенти во Западна Европа - [[Виена]], [[Лајпциг]], [[Берлин]]. Главната ќелија на организацијата се наоѓала во Загреб. За три години ММТРО ја опфатила цела Вардарска Македонија со многу добро развиена мрежа - групи на ММТРО имало во сите македонски градови под српска власт.
Организацијата имала своја мрежа во [[Виена]], [[Берлин]], [[Грац]], [[Лајпциг]], [[Прага]] и [[Париз]] каде што студирале македонски студенти. Истовремено, свои јадра создала и во Вардарска Македонија, во градовите: [[Скопје]], [[Штип]], Велес, [[Прилеп]], [[Битола]], [[Крушево]], [[Ресен]], [[Крива Паланка]], [[Куманово]], [[Кратово]], [[Берово]], [[Струмица]], [[Тетово]], [[Радовиш]] и [[Неготино]].
 
== Скопски студентски процес ==
На [[5 декември]] [[1927]] година е поведен [[Скопски студентски процес|Скопскиот студентски процес]] против дејците на ММТРО. Како реакција на изнесените обвиненија [[Мара Бунева]] го убива [[Велимир Прелиќ]].