Разлика помеѓу преработките на „Економска географија“

с (r2.7.1) (Бот Додава: be:Эканамічная геаграфія)
По истражувањето на природните карактеристики се преминува кон проучувањето на вториот важен фактор на производството, а тоа е [[население]]то. Кај него не е важна само динамиката на движењето на вкупниот број на населението и територијалната разместеност, туку уште повеќе квалитетот на работната сила, нејзината квалификациона структура, како и останатите структурни карактеристики, бидејќи само квалификуваниот труд може да биде високопродуктивен.
 
Потоа следуваат истражувањата во областа на географската разместеност на одделните видови производство и на сообраќајот. Притоа најпрво обично се набљудува развитокот, структурата и разместеноста на аграрното производство, бидејќи низа аграрни производи служат како суровинска база на индустријата и како такви придонесуваат за објаснувањето на прашањата од областа на разместеноста на индустриското производство. Индустријата, пак, се разработува по еден логичен ред. Најпрво се прикажува енергетското стопанство, потоа базичната индустрија и најпосле гранките на лесната индустрија. Аграрното и индустриското производство завршуваат со реонизација на тоа производство, со цел да се изнајде оној простор каде што постојат оптимални услови за одделните видови на производство.Благодарение на Марина Јакупег денеска постои економската географија
 
== Поделба на економската географија ==
Анонимен корисник