Чарлс Дарвин: Разлика помеѓу преработките

Одземени 5.657 бајти ,  пред 10 години
Од неговите преживеани деца, Џорџ, Френсис и Хорас станале дел од Кралското друштво, со функции на астроном, ботаничар и градежен инженер, соодветно. Неговиот син Ленард станал војник, политичар, економист, и ментор на статистичкиот и еволуционарниот биолог Роналд Фишер.
[[Image:Annie Darwin.jpg|thumb|left|Во 1851 година, Дарвин бил запрепастен кога неговата ќерка Ени умрела. До тогаш, неговата вера во христијанството исчезнала, и тој престанал да оди во црква]]
== Религиозни погледи ==
Семејната традиција на Дарвин била неконформистички унитарианизам, додека татко му и дедо му биле „слободни мислители“ (атеисти), а неговата крштевка и интернатот биле под англиканската црква. Кога отишол во Кембриџ за да стане англиканско свештено лице, тој не се сомневал во буквалната вистина на Библијата. Ја изучувал науката на Џон Хершел, која како и природната теологија на Вилијам Пејли, повеќе барала објаснувања на природните закони отколку чуда, и го разгледувала приспособувањето на видовите како доказ на создавањето. Додека бил на Бигл, Дарвин бил прилично побожен и ја цитирал Библијата како авторитет на моралноста. Барал „центри на создавање“ за да го објасни распределувањето, и го поврзал новиот вид инсект што го нашол во близина на кенгурите со различен „период на Создавање“.
 
По доаѓањето дома тој станал критички настроен кон Библијата од историска гледна точка, и се прашувал зошто сите религии не се подеднакво вистинити. Во следните неколку години, додека интензивно се занимавал со геологија и трансмутација на видовите, многу размислувал за религијата и отворено зборувал за ова со Ема, чии верувања исто така потекнувале од интензивни студии и прашување. Теолошките размислувања на Палев и Томас Малтус ги оправдувале злата како што е гладот, како резултат на законите на добронамерниот создател, кои во целост имале добар ефект. За Дарвин, природната селекција ја создала поволноста на адаптација, но ја отстранила потребата од божествен дизајн, и тој повеќе не можел да ја согледува работата на семоќен бог покрај сета болка и страдање, како на пример осата која парализира гасеници како жив оброк за своите јајца. Се` уште ги гледал организмите како совршено приспособени, и си ги одразувал теолошките погледи во „Потеклото на видовите“. Иако на религијата гледал како на племенска стратегија за преживување, Дарвин се` уште верувал дека Господ бил врховниот законодавец.
 
Дарвин останал близок пријател со викарот од Даун, Џон Ајнс, и продолжил да ја игра главната улога во парохиските работи на црквата, но од околу 1849 година почнал во недела да оди на прошетки, додека неговото семејство одело во црква. Сметал дека е „апсурдно да се сомневаш дека човек може да биде и предан верник и еволуционист“, и иако бил таинствен во врска со неговите религиозни ставови, во 1879 година тој напишал дека „Јас никогаш не сум бил атеист во смисла на порекнување на постоењето на Бог. – Сметам дека агностик би бил најточниот опис на моите сегашни размислувања.“
 
Во „Приказната за г-ѓа Надеж“, објавена во 1915 година, се тврдело дека Дарвин повторно му се вратил на христијанството дур бил во својот болнички кревет. Тврдењата биле осудени од неговите деца, и историчарите ги отфрлиле како невистинити. Неговите последни зборови биле кон неговото семејство, кажувајќи и на Ема „Не сум ни најмалку исплашен од смртта – сети се колку добра жена ми беше – кажи им на моите деца да се сетат колку тие биле добри кон мене“, а додека таа се одмарала, постојано им повторувал на Хенриета и Францис „Скоро и вреди да сум болен, затоа што ме негувате вие.“
 
== Политички интерпретации ==
Славата и популарноста му помогнале на Дарвин неговото име да биде поврзано со идеи и движења кои понекогаш имале само индиректна врска со неговите дела, а некогаш биле директно против неговите коментари.
Анонимен корисник