Разлика помеѓу преработките на „Велин Алајков“

Додадени 677 бајти ,  пред 9 години
нема опис на уредувањето
Алајков е роден во 1882 година во ќустендилското село Богослов. Учи во своето родно село, а подоцна во железарското училиште во [[Самоков]], каде што учествува во [[Таен револуционерен кружок "Трајко Китанчев"|тајниот револуционерен кружок "Трајко Китанчев"]], под раководство на [[Никола Дечев]]. Пред да заврши училиште, во пролетта 1900 година, Алајков влегува во гевгелиската чета на [[Аргир Манасиев]]. Во 1902 година Алајков е четник во Кратовско при [[Димче Берберчето]], а во 1904-1905 е во Кочанско со четата на [[Крсто Б'лгаријата]]. Кон крајот на 1906 година Алајков се враќа во Бугарија и се вработил во бугарската армија. Завршува подофицерската школа во [[Софија]] и е промовиран во чин постар подофицер. Учествува во [[Балкански војни|Балканските војни]] и е награден со два ордена ''"За храброст"''.
 
По [[Првата светска војна]] се населил во [[Ќустендил]] и се вклучува во дејноста на обновена од [[Тодор Александров]] - [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]], станува пунктовен началник во Ќустендил, одговорен за вооружувањето, снабдувањето и испраќањето на четите за [[Вардарска Македонија]]. Во 1921 година Алајков е избран на претседател на Сојузот на резервите подофицери во Ќустендил. Алајков учествува во преговорите помеѓу ВМРО и земјоделската влада на [[Александар Стамболиски]], но во текот на преговорите е убиен од деец на [[Македонска федеративна организација|Македонската федеративна организација]], [[Григор Циклев]]. Како резултат на убиството на Алајков, ВМРО ја извршила т.н. [[Ќустендилска акција на ВМРО|Ќустендилска акција]] <ref>[http://old.vmro.bg/modules.php?name=Encyclopedia&op=content&tid=80 Биографични данни от библиотека на ВМРО-София]</ref><ref>Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.</ref><ref>Македония История и политическа съдба, Том II, 1912 - 1941 г.“, Колектив, Издателство „Знание“ ООД, София, 1998 г., стр.109</ref>.
 
== Наводи ==