Антон Бозуков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
== Биографија ==
Антон Бозуков е роден на 17 септември 1869 година во селото Кортен, [[Сливен]]ско, [[Бугарија]]. Завршил Военото училиште во Софија во 1889 година со чин подпоручик. Служел во Шести трновски полк и станува член на [[Македонски комитет|Македонскиот комитет]] <ref>[http://www.macedonia-science.org/files/Prilozenie_VMOK_Socialen_sustav.pdf Списък на членовете на Върховния македоно-одрински комитет (март 1895 – февруари 1903 г.) pdf]</ref> по што учествува во [[Мелничко востание|Мелничкото востание]] организирано од [[Трајко Китанчев]]. Бил распределен во одередот ''Пирин Планина'' кој броел 148 души, а меѓу кој имало и 30 души со воена подготовка. Негов командир бил капетанот Тодор Матров, а од војводите бил [[Кочо Љутата]]. Одредот требало да ја помага Струмичката дружина.
[[Податотека:Anton Bozukov and other officers from MOO.JPG|мини|лево|350п]]
 
Одредот Пирин Планина границата ја минал неколку дена по Струмичката дружина. Се поделин на две чети под команада на капетанот Тодор Матров и поручникот Антон Бозуков. По преминувањеѕо на границата тие се оглушиле на наредбата на МК, и ги нападнале турските селани од селата Стамер, Град и Вирче. За да се пресметаат со турските селани, на 3 јули испратиле повик до селаните на с. Лешко-Горноџумајско. Меѓутоа селаните не им помогнале и марале да се повлечат кон Беласица. На 4 јули се нашле на ридовите меѓу Беласица и Џумајско. На 5 јули кај с. Габрово имале судир со аскерот по што морале да се повлечат кон Црната Планина.