Разлика помеѓу преработките на „Александар Бујнов“

== Биографија ==
Александар Ненов е роден во градот [[Шумен]] на 26 септември 1879 година. Тој е најстариот син во семејството на богатите занаетчија кој изработувале гајтани и срма за народни носии. <ref>Макдермот, Мерсия. „За свобода и съвършенство - биография на Яне Сандански“, София, 1987, Наука и изкуство, стр. 177</ref>. Се школувал во својот роден град, а завршил гимназија во [[Софија]]. Во 1896 година запишува право на Софискиот универзитет, а во 1897 година станува актер во театарот ''"Солзи и смеа"''. При една од турнеите на театарот во [[Солун]] во 1898 година се запознава со дејци на [[ВМОРО]] и се вклучува во македонското ослободителното движење. Поради бујниот карактер е нарекуван ''"Бујниот"'' и од таму прифаќа името ''Бујнов''.
 
По [[Илинденското востание]] во 1903 година Бујнов го напуштил театарот и се одал целосно на македонското револуционерното движење. До 1905 година е четник во Скопски револуционерен округ, а потоа - во Серско, каде што станува еден од блиски на [[Јане Сандански]].
 
На третиот редовен конгрес на Серско револуционерен округ во 1907 година е избран за член и секретар на окружниот револуционерен комитет. По [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] во 1908 година е меѓу основачите на [[Народната федеративна партија]] во Солун и е член на Централниотсовет. Во 1912 година Бујнов е избран за пратеник во Османлискиот парламент.
 
== Извори ==