Словачки јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
 
'''Словачкиот јазик''' (''slovenčina, slovenský jazyk'') е [[официјален јазик]] во [[Словачка|Словачката Република]] и еден од службените јазици во [[ЕУ|Европската Унија]]. Словачкиот јазик е еден од [[Западнословенски јазици|западнословенските јазици]] и се зборува воглавно во Словачка, но истиот се зборува од малцинските заедници во [[Чешка]], [[Унгарија]], [[Полска]], [[Романија]], [[Канада]], [[САД]], [[Србија]] и [[Хрватска]]. Словачкиот јазик е доста сличен со [[Чешки јазик|чешкиот]] во писмена форма, но се разликува до одреден степен во поглед на граматиката и фонетиката. Покрај тоа, јазикот е сличен и со [[Полски јазик|полскиот јазик]] и меѓусебното разбирање со чешкиот и полскиот јазик е помалку или повеќе остварливо.
 
== Географска распространетост ==
Матична земја на словачкиот јазик е [[Словачка|Словачката Република]]. Во Словачка јазикот го зборуваат околу 85.8 % од населението, според пописот од 2001 година. Според тоа, словачкиот е прв официјален и доминантен јазик во земјата. Покрај Словачка, словачкиот јазик се зборува во околните соседни држави, како на пример во [[Чешка]] (350,000), [[Полска]] (20,000), [[Украина]], [[Австрија]] и [[Унгарија]] (11,800). Значајна словачка заедница има во [[САД]] каде има околу 1,200,000 [[Словаци]]. Понатака, словачкиот се зборува од околу 60,000 жители во [[Србија]], 30,000 жители во Ирска, 22,000 жители во [[Романија]], 20,000 во [[Канада]] и 5,000 во [[Хрватска]]. Во Украина словачкиот е признат за малцински јазик, додека во [[Војводина]] во Србија е службен јазик.
 
== Дијалекти==