Словачки јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 40:
 
==Правопис==
[[File:Das Buch der Schrift (Faulmann) 249.jpg|thumb|right|200px|Словачка азбука во книгата „Книгата на буквите“ од Карл Фаулман од 1880.]]
Правописот на словачкиот јазик е фонетски, исто како [[македонски]]от, и во тој јазик важи правилото „пишувај како што слушаш“. Сепак, јазиците во светот не се доследи на еден чист правопис, па така и во словачкиот можат да се пронајдат принципи на останати видови правописи. Така, како второстепен правопис во словачкиот се сретнува морфолошкиот, според кој зборовите од кои се добиваат нови зборови се пишуваат исто иако се изговараат поразлично. Како пример за морфолошкиот правопис е правилото за асимилација. Како трет сет правописни правила се сретнува етимолошкиот правопис. Како пример на етимолошкиот правопис е употребата на буквите ''i'' и ''y''. Имено, двете букви се изговараат исти, но поради етимолошки причини, i се користи после еден вид согласки, додека y се користи после друг вид согласки. На крај, во јазикот можат да се сретнат и правила од граматичкиот правопис, според кој има разлика при пишаната форма на една придавка во еднина и множина, како на пример придавките ''pekný'' (''добар'') и ''pekní'' (''добри''), каде различна е пишаната форма, но изговорот е ист.