ФК Астон Вила: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 42:
 
==Историја==
[[Податотека:FACupFinal1905NewcastleVilla.jpg|left|thumb|250px|[[Хари Хемптон]] го постигнува еден од своите два гола на [[1905 ФА Куп финале|финалето на 1905 ФА Купот]]]]
[[Податотека:AVilla1899.jpg|right|thumb|250px|Тимот на Астон Вила во 1890-те]]
[[Податотека:82team.jpg|left|thumb|250px|Прослава на освојувањето на [[Европски Куп во 1982|Европскиот Куп во 1982]]]]
 
Фудбалскиот клуб Астон Вила е формиран во [[март]] [[1874]] година, од страна на членовите на Вила Веслејанската Капела во Хандсворт кој сега е дел од [[Бирмингем]]. Четворицата основачи на Астон Вила се [[Џек Хјуз]], [[Фредерик Метјуз]], [[Валтер Прајс]] и [[Вилијам Скатергуд]]. Првиот натпревар на Астон Вила бил против локалниот рагби тим Сент Мери од [[Астон Брук]]. Како услов за одигрување на мечот Вила морал да се согласи да го одигра првото полувреме под правилата за рагби, а второто полувреме под правилата за фудбал. Вила наскоро докажала дека се еден од најдобрите тимови во [[Мидландс]], освојувајќи го нивниот прв трофеј, Сениорскиот Куп на Бирмингем во 1880 година, под капитенската лента на Шкотот Џорџ Ремзи. Kлубот го има освоено нивниотр прв ФА Куп во 1887 година предводен од капитенот Арчи Хантер, со што станаа едни од првите тимови во овој спорт кои се натпреварувале во првата сезона од Фудбалската Лига во 1888 година заедно со еден од клубските директори Вилијам Мекгрегор, кој воедно бил и основачот на Лигата. Астон Вила се појави како најуспешен англиски клуб во Викторијанската ера, освојувајќи пет првенствени титули и три ФА Купа до самиот крај на владеењето на Кралицата Викторија. Во 1897 година, кога Вила ја има освоено “Двојната Круна”, тие се преселија во нивниот сегашен дом, теренот Астон Ловер. Симпатизерите го преименуваа во “Вила Парк”, но нема официјални изјави дека наведениот терен се нарекува Вила Парк.
Ред 60 ⟶ 63:
 
==Сопственост==
[[Податотека:Lerner, Randy.jpg|250px|thumb|Споственикот на клубот Ренди Лернер]]
 
Првите акции на клубот биле издадени кон крајот на 19-от век како резултат на законот кој настојуваше да го кодификува растечкиот број на професионални тимови во Фудбалската Асоцијација на Лиги (ФА). ФА тимовите биле задолжени да достават акции до инвеститорите како начин на олеснување на тргувањето помеѓу тимовите без мешање на ФА. Ова тргување продолжи и во 20-от век, се до 1960 година кога Елис почна да ги купува поголемиот дел од акциите. Тој стана претседател и најголем акционер на Астон Вила ФК од 1968 до 1975 година, исто така беше сопственик на мнозина акции во клубот од 1982 до 2006 година. Клубот беше ставен на продажба на Лондонската Берза во 1996 година, а вредноста на акциите беше непостојана и по десет години од ставањето на продажба. Во 2006 година се објави информацијата дека неколку конзорциуми и индивидуалци сакаат да наддаваат за купување на Астон Вила.
Во август 2006 година, беше потврдено дека Ренди Лернер, сопственикот на Кливленд Браубс, роден во Охајо, дошол до спогодба во вредност од 62.6 милиони фунти за купување на клубот Астон Вила. Изјавата излезе во јавност на 25. август во која се вели дека Лернер обезбедил 59.69% од акциите на Вила, станувајќи најголемиот акционер. Исто така и се назначи за Претседател на клубот. Последната година во која Елис беше таму задолжен, Вила загубила 8.2 милиони фунти пред даноците, споредено со 3 милиони фунти профит од претходната година, а приходите паднаа од 51.6 милиони фунти на 49 милиони фунти. Ренди Лернер презеде целосна контрола на 18. септември поседувајќи 89.69% од акциите. На 19. септември 2006 година, Елис и Бордот поднесоа оставка и беа сменети со нов одбор на чело со Лернер. Лернер го вработи Чарлс Крулак како надворешен директор, а Елис беше награден со почесното место Претседател во пензија.