Разлика помеѓу преработките на „Космичко зрачење“

Додадени 30 бајти ,  пред 10 години
 
По откривањето на радиоактивноста од страна на Хенри Бекерел во 1896 се верувало дека атмосферската јонизација била предизвикана од радиоактивните елементи кои се наоѓаат на земјата поради испарување на радиоактивните гасови. Но мерењата на степенот на јонизација при различни висини покажал дека радиоактивноста се намалува со зголемување на надморската висина, но тоа се објаснувало преку абсорбирање на радијацијата од страна на атмосферските молекули.
 
Во 1909 [[Теодор Вулф]] развил посебен вид на електрометар (направа која го мерела производството на јони во внатрешноста на херметички затворен сад) и покажал дека на поголеми висини, во неговиот случај на врвот на Ајфеловата кула, степенот на радијација е значително помал. Тоа го објавил во ''Physikalische Zeitschrift'' но неговиот труд не бил прифатен од научната јавност. Во 1911 [[Доминико Пачини]] набљудувал симултани промени на јонизацијата над езеро, море и на длабочина од 3 метри под површината на земјата. Пачини заклучил дека намалувањето на радиоактивноста под вода мора да е поради абсорпцијата на молекулите а не поради земјината радиоактивност. Тогаш во 1912 [[Виктор Хес]] ги користел Вулфовите електрометри при што ги ставил во балон кој летал до погорните атмосферски слоеви. Тогаш открил дека со зголемувањето на висината се зголемува и степенот на радијација, но го исклучил Сонцето како извор на радијација бидејќи вршел истражување и за време на негово затемнување така што резултатот бил ист. Мерејќи ја брзината на честичките кои навлегувале во атмосферата Хес заклучил дека тие мора да потекнуваат од многу поодалечени извори на зрачење. Заради ова откритие ја добил Нобеловата награда за физика во 1936 година.
Изразот „Космички зраци“ бил употребен од Роберт Миликен кој докажал дека радијацијата не потекнува од земјата и не е произведена од атмосферски електрицитет. Миликен верувал дека космичките зраци се високо енергетски фотони придружени со електрони кои се произведени поради Комптоновиот ефект на гама зраци. И самиот Комптон верувал дека космичките зраци се наелектризирани честички. За време на периодот од 1927 до 1937 различни експерименти демонстрирале дека космичките зраци се позитивно наелектризирани честички и дека при навлегувањето во атмосферата главно се дезинтегрираат на електрони и миони. Мионот се верувало дека е нестабилна честичка кој ја предвидел Хидеки Јукава во 1935 година во неговата теорија за нуклеарна сила. Експериментите покажале дека остатоците од мионскиот распад кои опстануваат 2,2 микросекунди се претвораат во електрони и неутрина кои силно реагираат со јадрото на молекулите а резултатот на таа реакција се нарекува Јукава честичка. Оваа мистерија била разрешена со откритието на пионот во 1947 кој е произведен преку директни високоенергетски јадрени судири, а резултатот на тоа се миони и едно неутрино кое е стабилно 26 наносекунди. Секвенцата пион → мион → електрон директно била набљудувана преку електронски микроскоп, така што се набљудувале патеките на честичките низ посебен вид на фотографска плоча наречена нуклеарна емулзија. Во 1948 набљудувањата со нуклеарната емулзија направени во балони на големи висини, на работ на земјината атмосфера од страна Готлеб и Ван Ален покажале дека примарните космички честички се составени од протони, а одреден дел се алфа честички односно јадра на хелиум, а останатиот дел се јадра на потешки елементи
 
Изразот „Космички зраци“ бил употребен од [[Роберт Миликен]] кој докажал дека радијацијата не потекнува од земјата и не е произведена од атмосферски електрицитет. Миликен верувал дека космичките зраци се високо енергетски фотони придружени со електрони кои се произведени поради Комптоновиот ефект на гама зраци. И самиот Комптон верувал дека космичките зраци се наелектризирани честички. За време на периодот од 1927 до 1937 различни експерименти демонстрирале дека космичките зраци се позитивно наелектризирани честички и дека при навлегувањето во атмосферата главно се дезинтегрираат на електрони и миони. Мионот се верувало дека е нестабилна честичка кој ја предвидел [[Хидеки Јукава]] во 1935 година во неговата теорија за нуклеарна сила. Експериментите покажале дека остатоците од мионскиот распад кои опстануваат 2,2 микросекунди се претвораат во електрони и неутрина кои силно реагираат со јадрото на молекулите а резултатот на таа реакција се нарекува Јукава честичка. Оваа мистерија била разрешена со откритието на пионот во 1947 кој е произведен преку директни високоенергетски јадрени судири, а резултатот на тоа се миони и едно неутрино кое е стабилно 26 наносекунди. Секвенцата пион → мион → електрон директно била набљудувана преку електронски микроскоп, така што се набљудувале патеките на честичките низ посебен вид на фотографска плоча наречена нуклеарна емулзија. Во 1948 набљудувањата со нуклеарната емулзија направени во балони на големи висини, на работ на земјината атмосфера од страна [[Готлеб]] и [[Ван Ален]] покажале дека примарните космички честички се составени од протони, а одреден дел се алфа честички односно јадра на хелиум, а останатиот дел се јадра на потешки елементи
 
==Референци==
28

уредувања