Космичко зрачење: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Додава: kk:Ғарыштық сәулелер
Ред 24:
Јадрата кои се составен дел на космичките зрацисе способни да патуваат од нивните далечни извори па се до Земјата заради малата густина на материјата во вселената.Јадрата силно реагираат со другата материја, па кога космичките зраци се приближуваат кон Земјата тие започнуваат да се судираат со јадрата од атмосферските гасови. Овие судири, познати како дожд од честички, резултираат со производство на на многу пиони и каони, нестабилни мезони кои брзо се распаѓаат на миони.
Бидејќи мионите немаат силно заемнодејство со атмосферата, а исто така и поради релативитистичкиот ефект на временската дилатација многу од овие миони можат да пристигнат на Земјината површина, па дури и да продрат под површината на Земјината кора. Зрачењето на мионите ејонизирачко, па тие лесно можат да бидат детектирани од различни типови на детектори на честички како воздушни комори, балонски комори или сцинтилациони детектори. Ако неколку миони се детектирани од различни детектори во исто време, тогаш лесно може да се заклучи дека тие биле создадени со истиот бран на дожд на честички.
 
==Интеракција со земјината атмосфера==
Кога честичките на космичките зраци навлегуваат во земјината атмосфера тие се судираат со молекулите на кислород и азот при што произведуваат група полесни честички при процес наречен дожд на честички. Главната идеја е прикажана на сликата каде што космички зрак произведува полесни честички при судир со атмосферските молекули.
 
[[Image:Atmospheric Collision.svg|400 px|center]]
 
Оваа слика е поедноставена слика на дожд од честички: во реалноста бројот на честички кои се произведуваат на овој начин може да достигне билиони, во зависност од енергијата на зракот и атмосферската околина. Сите произведени честички се наоѓаат на околу еден степен разлика од патеката на главната енергетска честичка. Типични честички кои се произведуваат при вакви судири се мезони (позитивно и негативно наелектризирани пијони и кајони). Космичките зраци се исто така одговорни за производство на изотопи на јаглеродот во земјината атмосфера како што е изотопот на јаглеродот-14, преку реакцијата
 
<math>n + \mathrm{N}^{14} \rightarrow p + \mathrm{C}^{14}</math>
 
Овие космички зраци го одржуваат нивото на јаглерод-14 во атмосферата скоро константно, околу 70 тони во изминатите 100 000 години. Така беше се до почетокот на нуклеарните тестирања во периодот од 1950 па наваму.
 
[[af:Kosmiese bestraling]]