Катедрала Свети Михаил (Киев): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Првично храмот бил изграден во средниот век, во времето на Светополк II. Комплексот се состои од самата црква, трпезарија на Свети Јован Благослов која била изградена во 1713 година, порта која датира од 1760 година и камбанарија која била ставена во 1716 година. Надворешноста на објектот бил повторно изграден во текот на 18 век, во украински барок стил, а внатрешноста останала непроменета, во византиски стил. Оваа катедрала била срушена од страна на советските власти во 1930-тите, но во 1999 година била повторно изградена од страна на независна Украина.
 
== Историја ==
 
Според некои историчари, оваа црква била за прв пат подигната во времето на Светополк II (1108-1113), и истата била посветена на светецот-заштитник Архангел Михаил. Една од прилчините за изградба на оваа црква била најверојатно победата на Светополк над номадите, и самиот светец се смета како заштитник на војниците и победата, па и од овде дошло и името на катедралата.
 
За време на инвазијата во 1240 од страна на монголските народи, манастирот се верува дека бил оштетен сериозно. Монголите ја оштетиле катедралата и ги ограбиле позлатените куполи. Манастирот потоа паднал во лоша состојба и постои документација за следните две и пол векови. Во 1496, манастирот бил повторно обновен, под името Свети Димитриј. По бројните реставрации во следните векови, објектот станал еден од најпопуларните манастири во Украина.