Кинопроизводство: Разлика помеѓу преработките

Нема опис на уредувањето
== Фази ==
Продукцијата на филм зафаќа 5 фази.
* Развивање – се пишува [[сценарио]]то и се внесува во работна шема за филм
* Пред Продукција – се прават подготовки за снимањето. Се вработува филмски екипаж и актери. Се одбираат локации и се подготвуваат местата на сцените.
* Продукција – скелетот за завршниот филм е снимен
* Пост Продукција – филмот се уредува, се додаваат дијалозите и музиката одделно, се компонираат музичките траки и песни, и компјутерски се додаваат визуелни ефекти. Сите елементи се сплотуваат во целина и филмот е целосно завршен (заклучен).
* Продажба и дистрибуција – филмот се прикажува за потенцијални купувачи (дистрибутори), и откако ќе биде одбран тој стигнува во кината или до домовите.
 
''===Прва фаза – развивање''===
Во оваа фаза, продуцерот одбира приказна, која може да доаѓа од книга, драма, друг филм, оригинална идеа, вистинита приказна итн. По идентификувањето на темата или главната порака во [[филм]]от, продуцерот работи со продуцентите и подготвуваат краток преглед. Следно тие ги прават главните црти на филмот кои што ја кршат приказната на кратки сцени кои се концентрираат на драмската структура. Потоа подготвуваат постапка, 25-30 страни кои ја опишуваат приказната, расположението и карактерите во неа. Ова најчесто содржи малку дијалог и ражирање, но почесто содржи нацрти кои помагаат во прикажувањето на главните точки. Друг начин е да се напише сценариото откако ќе се одбере краткиот осврт.
Следно, продуцентот пишува сценарио преку подолг период од неколку месеци. Тој може да го измени истото за да ја подобри драматизацијата, јасноста, структурата, карактерите, дијалозите, и севкупниот стил. Како и да е, најчесто продуцантите прескокнуваат неколку чекори и се насочуваат кон тоа што сакаат потенцијалните дистрибутори, па го прават сценариото по нивни вкус. Некои холивудски дистрибутори се убедени дека факторите како што се филмскиот жанр, целната публика, историскиот успех од слични филмови, актерите кои се појавуваат во филмот, и потенцијалните режисери, можат да придонесат за поголем финансиски успех на филмот. Што е всушност и вистина. Друг фактор кој придонесува за гледаност и успех на филмот е неговата глобална дистрибуција, еден начин преку прикажување во кината, а друг дистрибутирање преку различни медиуми вклучувајќи DVD, Bluray итн.
Продуцерот и продуцентот подготвуваат филмски степени и статистики и го презентираат филмот на потенцијални финансери. Ако успее презентирањето на филмот тие добиваат зелено светло, што значи дека некој понудува финансиска поддршка. Типично ова би било некое големо филмско студио, филмска групација или независен инвеститор. Луѓето кои се вклучени преговараат за зделка и потпишуваат договори. Откако сите страни се задоволни со зделката, филмот може да продолжи во пред продукцискиот период. До оваа фаза. Филмот би требало да има дефинирана пазарна стратегија и целна публика.
 
 
== Пред Продукција ==