Црква Света Софија (Киев): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 92:
== Историја ==
 
Изградбата на црквата започнала во [[1011]] година во времето на кнезот [[Владимир Велики]] кој во [[988]] година го [[Христијанизација на Киевска Русија|прифатил христијанството]] како службена религија во [[Киевска Рус]]<ref>[http://www.dt.ua/newspaper/articles/59864 "... найбільш раннє датування заснування собору — 1011 рік."]</ref> . Катедралата била завршена во [[1037]] година, во времето на киевскиот кнез [[Јарослав Мудриот]], познат како голем градител на цркви.
 
Своето име црквата го добила по [[Црква Света Софија (Истанбул)|истоимената катедрална црква]] која се наоѓала во тогашниот [[Константинопол]].<ref>[http://www.encyclopediaofukraine.com/pages/S/A/SaintSophiaCathedral.htm Saint Sophia Cathedral (Sofiiskyi sobor).]</ref>. Во почетокот катедралата претставувала мавзолеј на владетелите односно на кнезовите.
 
[[Андреј Боголупски]], кнез на Владимир-суздал, го заземал [[Киев]] во [[1169]] година<ref>[http://www.encyclopediaofukraine.com/display.asp?linkpath=pages\A\N\AndreiBogoliubskii.htm Andrei Bogoliubskii.]</ref>, а градот паднал и во [[1240]] во рацете на Татарите[[Татари]]те. Во тоа време, катедралата била многу оштетена. По создавањето на [[Брестовска унија|Брестовската унија]] во 1596 година, односно времето кога била обединета Римокатоличката и православната црква во [[Полско-литванска унија|Полско-литванската унија]], катедралата Света Софија припаднала под раководство на [[Украинска гркокатоличка црква|Украинската гркокатоличка црква]]. Во [[1633]] година црквата станала под раководство на новоименуваниот православен митрополит [[Петро Могила]]<ref>[http://www.encyclopediaofukraine.com/display.asp?AddButton=pages\M\O\MohylaPetro.htm Mohyla, Petro (Romanian: Movilă, Petru).]</ref>. Тој наредил катедралата да биде обновена, а самата реконструкција била извршена од страна на италијанскиот архитект Октавијано Манчини во украински барок стил, кој претставува мешавина од [[византиска архитектура]] и [[италијански барок]]. По ова започнале козачките напади на градот, па денешниот изглед храмот го добил во [[1740]] година<ref>[http://www.encyclopediaofukraine.com/display.asp?AddButton=pages\M\A\MazepaIvan.htm Mazepa, Ivan.]</ref>.
 
Во времето кога на власт дошле Болшевиците[[Болшевици]]те, во текот на 1920-тите години, во духот на атеизмот, украинската комунистичка влада планирала рушење на катедралата со цел да се направи место за Паркот на хериоте, и чија намена би била прослава на победата на Црвената армија. Сепак, катедралата по многу преговори не била срушена. Но, во [[1934]] година била конфискувана а самата катедрала била претворена во музеј на историјата.
 
Во текот на 1980-тите години било покренето барање за враќање на имотот на црквата, но поради спорот соГркокатоличката и Православната украинска црква, околу тоа кој има поголемо право над истата, тоа било одложено. Во следните години било дозволено во објектот да се одржуваат верски обреди но во посебни верски денови.