Црква Света Софија (Киев): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 92:
== Историја ==
 
Изградбата на црквата започнала во [[1011]] година во времето на кнезот [[Владимит Велики]] кој во [[988]] година го [[Христијанизација на Киевска Русија|прифатил христијанството]] како службена религија во [[Киевска Рус]]. Катедралата била завршена во [[1037]] година, во времето на киевскиот кнез [[Јарослав Мудриот]], познат како голем градител на цркви.
 
Своето име црквата го добила по [[Црква Света Софија (Истанбул)|истоимената катедрална црква]] која се наоѓала во тогашниот [[Константинопол]]. Во почетокот катедралата претставувала мавзолеј на владетелите односно на кнезовите.
 
[[Андреј Боголупски]], кнез на Владимир-суздал, го заземал [[Киев]] во [[1169]] година, а градот паднал и во 1240 во рацете на Татарите. Во тоа време, катедралата била многу оштетена. По создавањето на [[Брестовска унија|Брестовската унија]] во 1596 година, односно времето кога била обединета Римокатоличката и православната црква во [[Полско-литванска унија|Полско-литванската унија]], катедралата Света Софија припаднала под раководство на [[Украинска гркокатоличка црква|Украинската гркокатоличка црква]]. Во [[1633]] година црквата станала под раководство на новоименуваниот православен митрополит [[Петро Могила]]. Тој наредил катедралата да биде обновена, а самата реконструкција била извршена од страна на италијанскиот архитект Октавијано Манчини во украински барок стил, кој претставува мешавина од [[византиска архитектура]] и [[италијански барок]]. По ова започнале козачките напади на градот, па денешниот изглед храмот го добил во [[1740]] година.
 
== Наводи ==