Хорарна астрологија: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с + |
+текст |
||
Ред 15:
Вообичаено, во хорарната карта не се читаат сите планетарни позиции, ниту се разгледуваат сите куќи и планети, туку само оние кои се директно поврзани со прашањето. На пример, за прашање: „Каде е мачката?“, одговорот ќе го бараме во 6 куќа и нејзиниот владетел, затоа што 6 куќа традиционално се смета дека ги претставува малите животни (животни кои се помали од коза, или кои не може да се јаваат). Ако на врвот од 6 куќа се наоѓа знакот [[Вага (хороскопски знак)|Вага]], на пример, тогаш [[Планетите во астрологијата|Венера]] како владетел на овој знак во хорарната карта ќе ја покаже изгубената мачка. Состојбата на Венера (нејзиното достоинство, аспектите итн.) ќе ни ја дадат состојбата на изгубеното животно.
==Употреба на куќите==
Астролошките куќи ја играат најголемата улога во хорарната астрологија. Може да се употреби било кој систем на поделба на куќите, но вообичаено е да се користи системот наречен Региомонтанус.
Умешноста да се одреди во која куќа треба да се бара одговорот на поставеното прашање е најголемиот квалитет на астрологот. Доколку толкуваме погрешна куќа, и одговорот ќе биде погрешен. Куќите имаат по повеќе значења. Следува список на можни значења на куќите:
:'''Прва куќа'''
::Прашувачот (оној што го поставува прашањето), неговото тело, но за медицинско прашање овде е само главата. Тоа е „бродот во кој пловам“, т.е. телото како „превозно средство на душата“. Името на прашувачот. Голема група на која прашувачот ѝ припаѓа. Тимот за кој навива. Локацијата на која се наоѓа прашувачот.
:'''Втора куќа'''
::Подвижниот имот на прашувачот: ако нешто е ваше, од нежива природа и може да се придвижи, припаѓа овде. Колата на прашувачот; парите во сите форми, сметките во банка. Вреднувањето на себеси. Вашите најблиски советници: во двобој - вашиот секундант, во судски спор - вашиот адвокат и сведоците кои сведочат во ваша полза.
:'''Трета куќа'''
::Браќата и сестрите на прашувачот, неговите братучеди. Патувањата кои се секојдневни, како патот до канцеларија на пример. Основно знаење: читање, пишување и сметање. Писмото кое го праќа прашувачот. Учениците и комшиите на прашувачот.
:'''Четврта куќа'''
::Таткото на прашувачот, родителите воопшто, потеклото; недвижниот имот, викендичката и овоштарникот, па макар да се во странство. Пресудата при прашање за судски спор. Рудници, закопано богатство и сè што е под земја.
:'''Петта куќа'''
::Задоволство и места на кои уживаме, театар, журки, спорт. Деца и бременост. Книгата што ја напишал прашувачот. Профит од изнајмување на куќата (кирија).
:'''Шеста куќа'''
::Ова е куќа на непријатностите со кои светот го опсипува прашувачот: болести и разни несреќи. Ги претставува болниците; работниците и слугите кои работат за прашувачот, мајсторите кои ја поправаат колата, на пример. Мали животни, помали од коза, или животни што не може да се јаваат. Овде се тетките и стриковците, т.е. браќата и сестрите на таткото.
:'''Седма куќа'''
::Партнерите на прашувачот, било да се емотивни или деловни. Сопружници, симпатии, љубовници, дури и кога не постои врска, туку е само желба. Овде се лекарите, астролозите на прашувачот; купувачот на колата/ куќата што ја продава прашувачот, но исто и продавачот доколку прашувачот купува. Отворени непријатели; другата страна од судскиот спор; тимот против кој игра мојот тим. Крадци.
:'''Осма куќа'''
::Куќа на смрт - без метафора. Но најчесто овде се парите на другите луѓе кои прашувачот сака да ги добие во свој џеб. Самопочитта на партнерот. Тестамент. Душевно патење на прашувачот.
:'''Девета куќа'''
::Посебни патувања. Годишни одмори; странство. Ова е куќа на Бог, на религијата, патот кон божественото. Повисоко знаење: сè што е повеќе од основно знаење. Факултети; манастири; учители, свештеници, учени луѓе; пророци; соништа.
:'''Десета куќа'''
::Крал, шеф, влада, премиер, петстедател, судија. Чест, успех, слава, работа и професија на прашувачот. Мајката на прашувачот.
:'''Единаесетта куќа'''
::Платата на прашувачот; дарови „од кралот“, како стипендии на пример; пари „од небо“, како добивка на лотарија на пример. Надежи и желби. Пријателите на прашувачот.
:'''Дванаессетта куќа'''
::Тајни непријатели на прашувачот, не поради тоа што не ги знае, туку според начинот на кој му наштетуваат: вештерство, зли гласини, шпионирање. Тајни работи, скриени нешта од прашувачот. Лични пороци, глупостите кои ги прави прашувачот, а кои му го отежнуваат животот. Гревови, стравови, фобии. Затвори. Животни поголеми од коза.
|