Хорарна астрологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+
+историја
Ред 1:
{{Астрологија}}
'''Хорарна астрологија''' е гранка на [[астрологија]]та, при што астрологот одговара на конкретно поставено прашање. Астролошкиот круг се црта за точното време кога астрологот го чул и го сфатил прашањето. Постои несогласување меѓу хорарните астролози во врска со локацијата која се употребува при цртање на хорарната карта, односно дали е правилно да се земе локацијата на прашувачот, или локацијата на астрологот. Во минати времиња, астрологот и прашувачот се наоѓале еден наспроти друг, но овој проблем се појавува во денешни времиња, бидејќи постои комуникација по [[телефон]] или преку [[интернет]], па така се случува прашувачот да е во [[Австралија]], а астрологот во [[Европа]]. Сепак повеќето традиционални астролози, како локација го земаат местото во кое тие се наоѓаат.
 
Одговорите кои се добиваат од хорарната карта варираат од едноставни одговори како „да“ или „не“, до сложени објаснувања во врска со проблемот, како на пример мотивите на оние кои се инволвирани во случајот, или алтернативните можности за прашувачот.
 
==Историја==
Хорарната астрологија била практикувана со векови во [[Индија]], а позната е како [[Прасна Шастра]] ([[санскрит]]: прасна = прашање), гранка на астрологијата која и денес се користи во Индија.
 
Англискиот астролог [[Вилијам Лили]] (1602-1681) се смета за последниот најголем хорарен астролог, и најверојатно еден од најдобрите познавачи и практикувачи на оваа гранка од астрологијата.
 
Во [[20 век]], индискиот астролог [[Кришнамурти]] вовел во употреба нов систем наречен Кришнамурти систем, кој денес се користи во Индија. Разликата при употреба на овој систем е што прашувачот е замолен да одбере број од 1 до 249, а бројот што ќе го одбере ќе го претставува асцедентот на хорарната карта.