Винсент ван Гог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
HRoestBot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Бот Додава: nap:Vincent van Gogh
сНема опис на уредувањето
Ред 50:
Во април 1881 година, Ван Гог заедно со неговите родители се преселил во село во околината на Етен, каде што продолжил со цртање, често користејќи ги соседите како предмет на неговите дела. Преку летото долго време поминувал во прошетки и разговори со неговата братучеда, вдовицата Ке Вос-Стрикер. Таа била ќерка на постарата сестра на неговата мајка и Јоханес Стрикер. <ref>^ Erickson (1998), 5</ref> Ке била седум години постара од Ван Гог и имала осум-годишен син. Ван Гог и‘предложил брак, но таа одбила со зборовите,„ Не, никогаш, никогаш“ (niet, nooit, nimmer). <ref>^ Letter 153 Vincent to Theo, 3 ноември 1881</ref>Подоцна, во ноември, му испратил писмо на чичко му Стрикер <ref>^ Letter 161 Vincent to Theo, 23 ноември 1881</ref>и заминал во Амстердам, каде повторно разговарал со Стикер во неколку наврати. <ref># ^ Letter 164 Vincent to Theo, from Etten c.21 декември 1881, describing the visit in more detail</ref> Ке одбивала да се сретне со него и нејзините родители напишале: „Вашата упорност е одвратна“. <ref>^ a b Letter 193 from Vincent to Theo, The Hague, 14 мај 1882</ref> Во очај ја држел неговата лева рака во пламенот од светилката, со зборовите: „Дозволете ми да ја видам толку долго колку што можам да ја задржам раката во пламен.“ [34] Не кажал што точно се случило, само спомнал дека чичко му го изгаснал пламенот. Таткото на Ке јасно кажал дека не станувало никаков збор за брак, додавајќи ја неспособноста на Ван Гог <ref>^ "Uncle Stricker", as Van Gogh refers to him in letters to Theo</ref> да се издржува себеси финансиски. <ref>^ Gayford (2006), 130–131</ref> Согледувањето на хипокризијата на неговиот чичко и поранешен учител силно влијаело врз него. Тој Божиќ Ван Гог имал толку жестока расправија со татко му, што одбил ги одбил парите што му ги поклонил, и заминал во Хаг. <ref>^ Letter 166 Vincent to Theo, 29 декември 1881</ref>
Во јануари 1882, се преселил во Хаг, каде што го повикал братучед му, ликовниот уметник Антон Мауве (1838-1888). Мауве го поддржувал Ван Гог во сликањето, но по кратко време се скарале и подолго време не е присутен во неговите писмата.<ref># ^ Tralbaut (1981), 96–103</ref> Ван Гог бил во врска со проститутката и алкохоличарка Класина Мариа Сиен Хорник (1859-непознато)<ref># ^ Callow (1990), 116; cites the work of Hulsker</ref>Ја сретнал Сиен кон крајот на јануари<ref>^ Callow (1990), 117</ref>, кога имала пет-годишна ќерка и била бремена. Веќе имала родено две деца кои починале, но сето ова не го загрижувало Ван Гог.<ref># ^ Callow (1990), 116; citing the research of Jan Hulsker; the two dead children were born in 1874 and 1879.
</ref> На 2 јули Сиен родила машко дете, Вилем. Кога татко му на Ван Гог ги дознал деталите за оваа врска, вршел силен притисок врз неговиот син со цел да ги напушти Сиен и децата.Тогаш Винсент се однесувал дрско кон татко му.<ref>^ Tralbaut (1981),102–104,112</ref> Во јуни, поминал три недели во болница болен од гонореа. Истото лето започнал да слика со употреба на маслени бои.Есента 1883, после една година ги напуштил Сиен и нејзините две деца. Тој размислувал да се пресели заедно со нив надвор од градот на на крај се премислил и заминал. Можно е лошата финансиска состојба да ја приморала Сиен да се врати на проституцијата, во домот се‘ повеќе се чувствувала лошата атмосфера, а Ван Гог сметал дека не може да ја подобри ваквата ситуација со неговиот уметнички подем. Откако заминал, Сиен ја дала ќерката кај мајка и‘, а синот кај нејзиниот брат. Таа се преселила во Делфт, а подоцна и во Антверп[[Антверпен]].<ref>^ Tralbaut (1981), 113</ref> Вилем се сеќавал на моментот кога го однесле да ја посети мајка му во Ротердам, на 12- годишна возраст, и неговиот вујко се обидувал да ја убеди Сиен да се омажи, за да може да го легитимираат детето. Вилем се сеќавал на зборовите од мајка му: „но јас знам кој му е татко. Тој беше уметник и со него живеев пред околу 20 години во Хаг. Се вика Ван Гог.“ Тогаш се завртила кон Вилем и рекла „Го доби името по него.“ Вилем верувал дека е син на Ван Гог, иако времето кога бил роден не одговарало со тврдењата на Сиен. Во 1904, Сиен се удавила во реката Шелд. Ван Гог се преселил во холандската област Дрент, во северна Холандија. Тој декември, поради осаменост, заминал кај родителите кои во тоа време живееле во Нојнен, северен Брабант.<ref>^ Tralbaut (1981), 111–122</ref>
=== Уметник во подем ===
=== Нуенен и АнтверпАнтверпен (1883-1886) ===
[[Податотека:Van-willem-vincent-gogh-die-kartoffelesser-03850.jpg|мини||лефт|''Јадачи на компири'' 1885г.]]
Во Нуенен, Ван Гог се посветил на цртањето и направил голем број цртежи на ткајачи во нивните колиби. Есента 1884, Маргот Бегеман, ќерка на соседите која била 10 години постара од него, често го придружувала додека цртал. Таа се заљубила, а и Вилем и ја возвратил љубовта, иако со помал ентузијазам. Одлучиле да се венчаат, но на оваа идеја се спротивставиле двете фамилии. Поради тоа Маргарет се предозирала со стрихнин. Била спасена благодарене на Ван Гог, кој брзо ја однел до блиската болница. <ref>^ a b Tralbaut (1981), 107</ref> На 26 март 1885г. починал татко му од срцев удар, и неговата загуба силно го погодила.
Ред 60:
Оттогаш, ''Мртва природа со сламен шешир'' и ''Мртва природа со земјено грне и налани'' се познати по нивната мајсторска техника. За двете слики карактеристични се совршено прецизните линии и прекрасните нијанси на бои. <ref>^ Hulsker (1980) 196–205</ref> За време на престојот во Нуенен завршил голем број цртежи и околу 200 слики во масло. Неговата палета се состоела главно од темни, земјени тонови, најмногу темна кафена,не навестувјќи ја употребата на живи бои кои го обележуваат неговите најпознати дела. Кога се пожалил дека Тео не вложува доволно труд за да ги продаде неговите дела во Париз, Тео кажал дека тие се премногу мрачни и не можат да се споредат со делата на импресионистите кои биле актуелни во тој период.
Во ноември 1885г. се преселил во АнтверпАнтверпен и изнајмил малечка соба над продавница за уметнички дела. Имал малку пари и се хранел сиромашно, а парите кои му ги праќал Тео преферирал да ги троши на материјали за работа и модели. Лебот, кафето и цигарите му биле основни артикли. Во февруари 1886г., му испратил писмо на Тео, велејќи му дека од мај, претходната година има изедено вкупни шест топли оброци. Почнале да му паѓаат забите и му создавале огромни болки. Додека бил во АнтверпАнтверпен се пријавил на теоретски курс за бои и долго време поминувал гледајќи дела во музеите, особено делата на Питер Пол Рубенс, со што добил храбост да ја прошири својата палета на бои со кармин, кобалт и смарагд-зелена. Таму, почнал обилно да пие апсинт.<ref>^ Callow (1990), 253</ref> Се лечел кај докторот Кавенаил, и за еден од третманите пронајдени се податоци во неговата тетратка.Ван Гог го положил и највисокото ниво од приемниот испит на Академијата за убавите уметности во АнтверпАнтверпен , и покрај тоа што одбивал академска обука, и во јануари 1886г. се запишал на отсекот боење и цртање. Поголемиот дел од февруари бил болен и изнемоштен од работа, изгладнетост и премногу цигари. <ref>^ His 1885 painting Skull of a Skeleton with Burning Cigarette, is an apt commentary on his smoking</ref> Заминал во Париз во март 1886г. со цел да учи во студиото на Фернард Кормон, каде што делел соба со Тео, а во јуни зеле поголем стан малку подалеку. Бидејќи во овој период немало потреба да комунцираат со писма, малку се знае за неговиот престој во Париз. Ван Гог работел неколку месеци во студиото на Кормон, каде што ги запознал колегите-ученици како Емили Бернард, Луис Анкветин и Хенри де Тоулосе-Лаутрек, кои го изработиле портретот на Ван Гог со пастелни бои. Тие имале обичај да се среќаваат во продавницата на Џулиен Тангај, која била единствена продавница во тоа време во која можеле да се видат дела на Пол Кезане. Во 1886г. се поставиле две големи авангардни изложби. Кон крајот на 1886г. заедничкиот живот на Тео со ван Гог станувал неподнослив.Но пролетта 1887г. ги смириле односите. Тогаш Винсент се преселил во Аснирес,се запознал со Сињак и ги презел елементите на поинтилизмот.
Во ноември 1887г., Тео и Винсент го запознале Пол Гоген, кој штотуку пристигнал во Париз, и се спријателиле со него.<ref>^ D. Druick & P. Zegers, Van Gogh and Gauguin: The Studio of the South, Thames & Hudson, 2001. 81; Gayford, (2006), 50</ref> Кон крајот на годината Ван Гог подготвил изложба од негови, како и дела од Бернард и Анкветин во ресторан на Монмартр. Таму Бернард и Анкветин ги продале нивните први слики, а Ван Гог ги заменил своите дела со Гоген, кој набргу заминувал во Понт-Авен. Дискусиите за уметноста, сликарите и нивните социјални статуси започнале за време на изложбата, и продолжиле вклучувајќи и посетители на настанот. Конечно, во февруари 1888, чувствувајќи презаситеност од животот во Париз, заминал од градот со околу 200 слики изработени во двете години кои ги поминал таму. Само неколку часа пред заминувањето ја платил својата прва и единствена посета на Севрат во неговото ателје, заедно со Тео. <ref># ^ Letter 510 Vincent to Theo, 15 јули 1888. Letter 544a. Vincent to Paul Gauguin, 3 октомври 1888</ref>
 
Ред 93:
== Работа ==
Додека одел на училиште, Ван Гог сликал со водени бои; некои од овие дела се зачувани, но авторството на дел од нив е спорно. Подоцна, кога прифатил сериозно да се занимава со уметност, започнал со копирање на Курс де дизајн. Пролетта 1882г., чичко му кој бил сопственик на галеријата за современа уметност во Амстердам, од Ван Гог побарал цртежи од Хаг. Но неговите дела не ги исполниле очекувањата на чичко му. Подоцна уште еднаш го ангажирал, прецизирајќи му што точно бара, но по втор пат бил разочаран од резултатот. Но тој не се разочарувал. Ја подобрил осветленоста во ателјето местејќи ролетни и експериментирал со различни материјали за цртање. За нешто повеќе од една година започнал да работи на еднофигурни композиции, за кои тогаш бил многу критикуван. Денес тие се сметаат за први ремек-дела од него.
Во 1883г. започнал да црта композиции со повеќе фигури. Некои од нив ги фотографирал, но кога брат му забележал дека во нив недостасува свежина и живот, почнал да ги бои. Тео му обезбедувал финансиска поддршка за првите слики, но сите пари набргу биле потрошени. Пролетта 1883г. се запознал со уметници од училиштето во Хаг, Вајзенбрух и Блумерс, и од нив добивал техничка поддршка, како и од сликарите како Де Бок И Ван дер Веле, исто така уметници од втората генерација на ова училиште.<ref>^ a b See Dorn, Schröder & Sillevis, ed. (1996)</ref>Кога се преселил во Нуенен започнал со сликање на големи слики, но поголемиот дел од нив ги уништил. По посетата на музејот Ријк, Ван Гог станал свесен дека неговиот неуспех се должи на немањето искуство во техниката на работа. Затоа заминал во АнтверпАнтверпен , а подоцна и во Париз да ги усовршува овие техники.
 
Помалку или повеќе запознат со импресионистичките и неоимпресионистичките техники и теории, Ван Гог заминал во Арл да ги развива новите можности. Но, за кратко време почнал повторно да ги употребува старите идеи за сликање. Како што се развивала неговата работа, насликал повеќе автопортрети. Во 1884г. во Нуенен работел на циклус кој требало да ја декорира трпезаријата на негов пријател во Ајндховен. Исто така и во Арл, пролетта 1888г. подготвувал серија фигури кои завршиле во домот на фамилијата Рулин, а најпосле, со доаѓањето на Гогин во Арл, почнал да работи на ''Декорацијата за жолтата куќа'', што претставува негов најамбициозен циклус на дела. Пролетта 1889г. насликал уште еден помал циклус овоштарници. Историчарот на уметност Алберт Боиме бил првиот кој покажал дека дури и во фантастичното дело како ''Ѕвездена ноќ'' , Ван Гог се потпира на реалноста.<ref>^ Boime (1989)</ref> ''Белата куќа навечер'' претставува куќа во самрак и ѕвезда на небо опкружена со светлина. Астрономите од Универзитетот во Тексас пресметале дека ѕвездата е всушност Венус, која сјаела на небото во јуни 1890, за кога се смета дека Ван Гог го насликал ова дело. Сликите од Сен Реми се карактеризираат со виори и спирали. Светлината која ја прикажува во сликите е соодветна со Колмогровиот статистички модел на турбуленција.<ref># ^ J. L. Aragón, Gerardo G. Naumis, M. Bai, M. Torres, P.K. Maini.'Kolmogorov scaling in impassioned van Gogh paintings'. 28 June 2006</ref>
 
=== Техники на работење ===
Како самоук уметник со мала обука, Ван Гог бил се освен академик во техниките на боење и цртање. Едно истражување покажува дека делата познати како масло на платно или цртежи, подобро би се опишале како „мешавина“. Под самата слика ''Мостот Ленглои во Арл'' има добро изработен цртеж со мастило, а се покажало дека и неколку дела од Сен Реми и Овер за кои се сметало дека дека се цртежи или акварели, како ''Дворот на болницата'', Сен Реми (Септември 1889г.) биле изработени со разводнети маслени бои и четка.<ref>^ See Ives, Stein & alt. (2005)</ref> Радиографските испитувања покажале дека Ван Гог сликал на едно платно повеќе пати отколку што се мислело, а дали навистина повеќе од една третина од неговите дела биле сликани на овој начин, останува да покажат натамошните истражувања. Во 2008г. тим од Универзитетот за технологија во Делфт и Универзитетот во АнтверпАнтверпен користел напредна техника со рендгенски зраци со цел да се добие јасна слика од лицето на жената, кое било нацртано под делото ''Трева''.<ref>^ Struik, Tineke van der, ed. Casciato Paul. "Hidden Van Gogh revealed in color by scientists". Reuters, 30 јули 2008. Retrieved 3 август 2008.</ref>
 
== Наследство ==
=== Постхумна слава ===
Од неговата прва изложба во доцните 1880-ти, неговата слава меѓу колегите, критичарите, трговците и колекционерите се` повеќе се зголемувала. После смртта, беа поставени изложби во негова чест во Брисел, Париз, Хаг и АнтверпАнтверпен. На почетокот на 20в. изложбите биле проследени со ретроспективи во Париз (1901г. и 1905г.), и Амстердам (1905г.), и значајните изложби во Келн (1912г.), Њујорк (1913г.) и Берлин (1914г.) Тие имале големо влијание врз наредните генерации уметници.<ref>^ Rewald, John. "The posthumous fate of Vincent van Gogh 1890–1970". Museumjournaal, August–September 1970. Republished in Rewald (1986), 248</ref>
 
=== Влијание ===