Пулсар: Разлика помеѓу преработките

Додадени 247 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
с (r2.7.1) (Бот Додава: hi:पल्सर)
Нема опис на уредувањето
[[Податотека:Pulsar schematic.svg|thumb|200px|Шематски приказ на пулсар. Сферата во средина е неутронската ѕвезда, кривите линии ги покажуваат линиите на магнетното поле, а конусите - емисијата на сноповите светлина.]]
 
'''Пулсари''' се високо магнетизирани ротирачки [[неутронска ѕвезда|неутронски ѕвезди]] кои емитуваат снопови од [[електромагнетна радијација]]. Видливите периоди на нивното пулсирање се движат од 1,4 [[милисекунда|милисекунди]] до 8,5 секунди.<ref>Young, M.D.; Manchester, R.N.; Johnston, S. "[http://www.nature.com/nature/journal/v400/n6747/abs/400848a0.html A Radio Pulsar with an 8.5-Second Period that Challenges Emission Models]." ''Nature,'' Volume 400, 26 август 1999 (pages 848-849).</ref> Радијацијата може да се забележи само кога снопот од емисија е насочен кон [[Земја]]та. Ова се нарекува ефект на светилник, па оттаму доаѓа и името на пулсарите. Бидејќи неутронските ѕвезди се многу густи објекти, периодот на ротација и интервалот меѓу две видливи пулсирања е постојан. За некои пулсари, прецизноста на пулсирањето е исто колку и прецизноста на атомски часовник.<ref>D.N. Matsakis, J.H. Taylor and T.M. Eubanks. "[http://aa.springer.de/papers/7326003/2300924.pdf A Statistic for Describing Pulsar and Clock Stabilities]." ''Astronomy and Astrophysics,'' Volume 326, October 1997 (pages 924-928).</ref> За пулсарите се знае дека имаат планети кои орбитираат околу нив, како што е случајот со [[PSR B1257+12]]. Вернер Бекер од Институтот за вонземска физика - Макс Планк, во 2006 година изјавил: „Теоријата за тоа како пулсарите ја емитуваат својата радијација сè уште е нецелосна, дури и после речиси четириесет години работа.“<ref>'''Press Release''': [http://www.esa.int/esaCP/SEMB6IBUQPE_index_0.html Old Pulsars Still Have New Tricks to Teach Us]. European Space Agency, 26 јули 2006.</ref> Постојат повеќе видови на пулсари меѓукои и пулсари кои емитуваат Х-зраци, пулсати на гама-зраци и многу други, уште неоткриени видови.
 
 
Анонимен корисник