Послание на апостол Јаков: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Пораката на ова послание е наменета на "дванаесетте племиња" (1:1), што може да значи (1) х...

Нема опис на уредувањето
Ред 9:
Цитат од Посланието на Апостол Јаков:

"Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат.

Ниеден, кој е искушуван, да не рече: „Бог ме искушува.” Зашто, Бог не се искушува од злото, и Самиот никого не искушува.

Туку, секого го искушува неговата сопствена похот, која го влече и го мами.

Потоа похотта зачнува и раѓа грев, а направениот грев раѓа смрт.

Не заблудувајте се, возљубени браќа мои.

Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината, во Кого нема измени, ниту сенка од промена.

Тој ни роди според Својата волја преку Словото на вистината, за да бидеме првина на Неговите созданија.

Знајте го ова, возљубени браќа мои: секој човек да биде брз во слушањето, а бавен во зборувањето, бавен на гнев,

зашто човечкиот гнев не создава правда пред Бога.

Затоа отфрлете од себе: секаква нечистота, и последниот остаток на злобата, и примете го со кротост во вас насаденото Слово, кое може да ги спаси вашите души.

Но бидете извршители на Словото, а не само слушатели, кои се измамуваат себеси.

Зашто, кој го слуша Словото, а не го извршува, сличен е на човек, кој го набљудува своето природно лице во огледало;

ќе се погледне и ќе замине, и веднаш заборава каков бил.

А кој ќе се загледа во совршениот закон на слободата и остане во него, не како заборавлив слушател, туку како вистински извршител, тој ќе биде блажен во својата дејност.

Ако некој мисли дека е побожен, а не го зауздува својот јазик, туку го мами своето срце, неговата побожност е суетна.

Ова е чиста и неизвалкана побожност пред Бога и Таткото: да бидат посетувани сираците и вдовиците во нивните неволји, и самиот да се пази себеси непорочен од светот.