Микрообработувач: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
Микрообработувачите физички се изградени од милиони делови од силициум. Силициумот се користи бидејќи е полупроводник, па соодветно при различни услови може да биде или проводник или изолатор. Тој содржи милиони транзистори меѓусебно поврзани со тенки жици од алуминиум или бакар. Големината на транзисторите со текот на развитокот се менувала од неколку микрометри па стигна се до моменталната 45nm(нанометарска) технологија која се користи денес.
 
За директно програмирање на микрообработувачот програмерите го користат програмскиот јазик [[Асемблер]] (уште наречен и [[машински јазик]]) за комуникација со програмите и нивните задачи. Во денечно време за програмирање може да се искористи било кој од поновите програмски јазици кои имаат соодветен преведувач во машински јазик. Но внатре во микрообработувачот се користи микројазик, врежан во ROM меморијата на микрообработувачот. Микројазикот е составен од повеќе инструкции кои се помали и поедноставни инструкции од асемблерските, кои имаат за цел отварање на одредени порти (врски) во одреден временски момент, внатре во магистралите на процесорот, при што се активираат одредени мемориски регистри. Составена низа од такви микроинструкции дава еден асемблерски израз, т.е. дел од микрообработувачките инструкции.
 
== Историја ==