Пропаганда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
 
Денес пропагандата има негативен призвук, поради што нејзините извршители своите пропагандни активности најчесто ги нарекуваат [[односи со јавноста]].
 
'''Астротурфинг''' е форма на пропопагирање, често во знак на поддршка на политичка или корпоративна агенда која има за цел да создаде привид на автентично или спонтано движење. <ref> http://www.urbandictionary.com/define.php?term=astroturfing </ref>. Целта на ваквата неетичка пропаганда е да се прикрие одреден политички или корпоративен интерес и истиот да се претставува како наводна независна јавна реакција на некоја општествена група.
 
Астротурферите се обидуваат да диригираат активности прикажувајќи се како група на општествено несродни и географски различно дистрибуирани поединци, кои глумат транспарентност. Астротурфингот најчесто е инициран од страна на поединец или мала група на луѓе кои промовираат цели во корист на одреден личен интерес, симулирајќи масовност и злоупотребувајќи ги медиумите и поширокиот јавен интерес. Корисници на астротурфингот не се непосредните „параван“ активисти, туку одредени поединци или организации кои диригираат такви кампањи.
 
Пример за астротурфинг пропаганда во македонското општество е случајот со убиството на Мартин Нешковски, кога по масовната јавна реакција и организираните спонтани протести на младите во Скопје и поголемите македонски градови, се појавуваат астротурфери кои наводно протестираат против спонтаните мирни протести, наведувајќи различни небулозни причини како повод за нивно организирање. Дополнително се појавуваат и фејсбук групи на подржувачи на убиецот <ref> http://daily.mk/Utrinski/specijalecot-shto-go-usmrti-martin-ima-obozhavateli-na-fejsbuk/858962 </ref>. Слични примери на користење на астротурфинг преку интернетот постои во Кина каде што комунистичката влада вработува професионални блогери кои објавуваат информации кои го подобруваат јавниот имиџ на власта.
 
 
== Извори ==