Разлика помеѓу преработките на „Волковија (Тетовско)“

нема опис на уредувањето
| слика мапа=
| име=Волковија (Тетовско)
| слика=Volkovija view 01.JPG
| опис = Панорамски поглед на Волковија.
| општина=[[Општина Брвеница]]
| популација=
 
== Економија ==
[[Податотека:Volkovija Fish pond 03.jpg|left|thumb|150px|Волковскиот рибник.]]
 
Населението на село Волковија егзистира претежно од земјоделство и сточарство. Во селото се наоѓа фабрика за столарија и обработка на дрво „Кверкус“, која се занимава со производство и продажба на готови производи. Во фабриката работаат жители на селото. Во селото долги години постои и рибник изграден од волнарскиот комбинат Тетекс-Тетово, во времето кога бил гигант во Република Македонија. Денес рибникот е под концесија, работи со полн капацитет. Во селото постојат и две живинарски фарми. Во минатото постоела традиционална воденица со која селаните го мелеле житото и добивале наменско брашно. Денес старата воденица не е во функција, но постои како напуштен објект.
 
===Цркви===
==== Манастирска Црква „Св. Ѓорѓи“ ====
[[Податотека:Sv. Georgi Volkovija 01022.JPG|thumb|200px|right|[[Црква „Св. Ѓорѓи“ - Волковија|Црквата „Св. Ѓорѓи“]] на Чука.]]
[[Црква „Св. Ѓорѓи“ - Волковија|Црквата „Св. Ѓорѓи“]],<ref>{{цитирање вести|url=http://star.vest.com.mk/default.asp?id=151604&idg=8&idb=2375&rubrika=Crna+Hronika|title=Откорнати бакарни олуци од "Свети Ѓорѓи" |date=Сабота 5/17/2008 |publisher=Вест|language=македонски|accessdate=2010-05-01}}</ref> позната како и '''Волковскиот манастир''' е еден од најзначајните христијански светилишта во [[Полог]] од XII до XIV век. Манастирот е посветен на Светиот Велико Маченик Ѓорѓи Победоносец. Најсилен подем манастирот постигнал за време на игуменот Варлаам. Игуменот Варлаам развил широка просветителска и проповедничка дејност. Во овој период во манастирот функционирала и волковската препишувачка школа во која се напишани дела од непоценливо значење. Најзначајно дело е Волковскиот минеј за месец Февруари кој е од особено значење за Македонската и Славистичката наука. Ова ретко црковно дело има големо значење за проучувањето на историјата на македонскиот јазик и македонската писменост и култура. Во [[1835]] постоел факсимил од записот на првата корица на минејот, напишан од Арсениј, прв ученик на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ. Од факсимилот дознаваме дека минејот од рушениот волковски манастир бил однесен во шишевскиот манастир, а потоа [[Кирил Пејчиновиќ]] го зел со себе во [[Лешочкиот манастир]].