Разлика помеѓу преработките на „Волковија (Тетовско)“

 
== Географиja и местоположба ==
[[Податотека:View of Volkovija te 01.JPG|thumb|left|200px|Поглед на волковските пасишта и ниви.]]
 
Селото Волковија е последното Тетовско село кое граничи со општина Гостивар. Се наоѓа на географски координати 41°51′47″N 21°0′0″E. Лежи во подножјето на планината Сува Гора. Селото е ридско-планинско со разбиен маалски тип на градба. Од повисоките коти во селото се отвара шиток панорамски поглед кон среден Полог и Шарпланинскиот масив. Во непосредна близина се распростира широката мешовита шума -Волковска Корија богата со даб, бука, бор, ела, бел и црн габер, див костен итн. Веднаш над селото се издига ваковскиот рид Чука богат со висока дабова шума. Планината е населена од повеќе видови на дивеч : дива свиња, лисица, волк, див зајак, срна, елен. Климата е умерено континентална, со топли лета и снежни и ладни зими, пролетта и есента се со обилни врнежи. Во непосредна близина на селото поминува реката Вардар, реката Маздрача,реката Бара и реката Извори, што ја прават Волковија едно од ретките населени места со толкава хидрографска мрежа. Реките се богати со речна риба од повеќе видови, посебно примамлива за риболовците. Волковското поле е погодно за сите видови на земјоделски култури, најмногу се одгледува гравот, пченката и пченицата. Изграден е систем за наводнување долж Волковското поле. Овој предел се одликува со бујна вегетација.