Разлика помеѓу преработките на „Волковија (Тетовско)“

„Св Мина“ - е соборниот, најголемиот селски храм. Се наоѓа над селото во горното маало пред училиштето. Изграден е со голема купола на средината однадвор со светло жолта боја. Основата на црквата е крсна во форма на правоаголник. Внатре има мала галерија за хор и дрвен олтар. Во овој храм се чуваат значајни црковни предмети и книги. Во дворот на црквата се наоѓа и висока камбанерија со голем бакарен ѕвонец, сала за свечени собири и базен. Црквата е изградена во времето на Караѓорѓевиќ и над влезот има мермерна плоча посветена на ктиторот. Денес со донации на селото се одржува црквата со придружните објекти. Карактеристично е што храмот се гледа од секој агол во селото бидејќи изграден е над самото село.
 
==== Црква „СвСв. Атанасиј“„Димитриј“ ====
 
„Св. Димитриј“ – црквата посветена на овој светец се наоѓа на селските гробишта. Изградена е со донации на селаните и на родителите на познатиот Југословенски глумец со волковско потекло Данило Бата Стојковиќ. Изградена е во правоаголна форма со крст од ковано железо на врвот. Внатре се наоѓа камен крст пред олтарот остаток од некогашен храм. За потребите на црквата изградена е и сала за сообири.
 
== Администрација и политика ==