Разлика помеѓу преработките на „Волковија (Тетовско)“

Во областа на образованието во Волковија постои селско училиште. Училиштето е во нов реновиран објект со модерни училници . Во селото е зачуван и стариот објект каде се описмениле многу генерации.
На спортско поле Волковчани ги претставувал фудбалскиот клуб Чука, кој бележел доста успеси во локалната лига. Клубот бил финансиран од страна на населението и иселеништвото. Стадионот на кој играл домашниот клуб лоциран е позади Чуката во месноста Јонташи.
 
== Редовни настани ==
 
Волковски средби, манифестација која традиционално се одржувала многу години, третата недела од месец мај. На неа се собирале сите жители и целото иселеништво со потекло од Волковија, како и многу гости од целиот регион. На голема сцена настапувале познати македонски естрадни ѕвезди како леб и сол , владо јаневски, дарио, сузана спасовска, наум петрески и многу други. Манифестацијата била придружена со голем панаѓур.
Св. Ѓорѓи- Ѓурѓовден, на големиот верски празник воедно селска слава се одржува голем народен собир. Се одржува света литургија се кршат лебови се свети вода. На крајот се лицитираат даровите на верниците и се одржува голема братско сестринска гозба.
Празник Св Мина, на верскиот празник во последниве години се поголема е посетеноста на денот на овој празник. Се предава кумството и се прават сите верски обреди.
 
== Поврзано ==