Волковија (Тетовско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 50:
== Администрација и политика ==
 
==Култура и спорт ==
== Културни и природни знаменитости ==
Во село Волковија заради поволната природа се снимал најголемиот дел на еден од најпознатите македонски филмови Македонска крвава свадба снимен по драмскиот текст на Војдан Поп Георгиев Чернодрински. За потребите на филмот бил преуреден домот на едно селско семејство и изградена голема сламена плевна. Голема екипа на глумци, режисери, костимографи, шминкери од Македонија и Југославија престојувале во село Волковија. За условите во тоа време била донесена и завидна филмска опрема која била распоредена на повеќе локации. Голем број на селани учествувале како статисти во филмот. Во селото се снимени и повеќе краткометражни филмови, спотови, македонски народни приказни и сл.
;Археолошки локалитети
 
Волковската народна носија се издвојува со својот посебен колорит и детаљите по кои и посебно забележлива. За да се облече девојка во носијата потребно е да и асистираат неколку други за да се намести секој детаљ на вистинското место. Свадбената носија е со претежно бела боја со карактеристичен вел и свадбен букет на велот. Машката носија е далеку поедноставна од женската.
Во областа на образованието во Волковија постои селско училиште. Училиштето е во нов реновиран објект со модерни училници . Во селото е зачуван и стариот објект каде се описмениле многу генерации.
На спортско поле Волковчани ги претставувал фудбалскиот клуб Чука, кој бележел доста успеси во локалната лига. Клубот бил финансиран од страна на населението и иселеништвото. Стадионот на кој играл домашниот клуб лоциран е позади Чуката во месноста Јонташи.
 
== Поврзано ==