Разлика помеѓу преработките на „Волковија (Тетовско)“

 
== Историja ==
 
Селото е формирано многу одамна, нема наводи кои временски би го лоцирале тоа. Во пишаните извори првпат се споменува 1348, но во црковните книги и минеи од многу многу порано. Селото е населено со македонско население. Во минатото броело околу 3000 жители.
 
Селото минувало низ многу тешки времиња како христијанско село. Сепак опстојало какво такво, а во селото биле изградени три цркви, а долго време постоел и волковскиот манастир. Волковскиот манастир бил запален и разрушен од турците османлии кои го опустошиле овој крај. Турскиот аскер често дивеел низ Волковија. Турците сакале да ги запленат книгите на селскиот поп, но тој истите ги запалил вечерта пред да дојдат. Волковчани имале проблеми и за време на Втората Светска војна кога италијанските и балистичките формации во повеќе наврати го пустошеле селото. Во тоа време двајца селани на соседното муслиманско село Чегране дошле да ги чуваат Волковчани. Балистички групи често засолниште наоѓале во селските куќи и го ограбувале населението. На нивите бил особено активен деруводеџија кој земал пари и стока од селаните. Волковчани активно биле вклучени во народно ослободителната војна. Со ослободувањето многу од нив зеле воени пензии.
Селото еднаш било зафатено од голем катастрофален пожар, во кој настрадале најголем број од селските куќи и плевни. Пожарот настанал од искри кои зафатиле ѕид натрупан со слама.
Во времето на Југославија и колективизацијата имотот и трудот на селаните биле обединети и под дирекција на селската задруга.
 
Со миграциите село-град се намалил бројот на постојани жители, и пораснал бројот на волковски иселеници. Поради одржување на блиските односи биле организирани Волковските Средби манифестација која традиционално се одржувала многу години. На манифестацијата огромниот број посетители ги забавувале познати македонски пејачи.
Денес во селото живеат околу 500 редовни жители, но се поголем е бројот на луѓе кои градат свои викендици во урбаната викенд населба.
 
== Економија ==