Јакупица: Разлика помеѓу преработките

планински масив во Македонија
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 13:47, 25 ноември 2005

Јакупица или Мокра Планина е планински масив во централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Даутица, Голешница, Караџица и Осој. Највисок и најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2540 метри. Планинскиот масив е настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници и доломити. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори - врела и др.