2001: Вселенска одисеја (филм): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jotterbot (разговор | придонеси)
мал додаток
Ред 37:
Врз пејзажен приказ на африканската пустина, се прикажува наслов „''Зората на Човекот''“. Племе од праисториски човеколики мајмуни се бори да преживее во сушната пустина. Едно утро мистериозен правоаголен монолит се појавува во близина на нивната населба. По овој настан, еден човеколик мајмун ([[Даниел Рихтер]]) ја измислува првата алатка, кога зема коска од едно купче и открива дека може да ја употребува како палка за да крши други коски. Овој човеколики мајмун, кој сега стои делумно исправено, го предводи своето племе во одбрана на нивното поило од друго племе, употребувајќи ја палката за да убие еден непријателски водач до смрт, на тој начин за прв пат полезно користејќи го новооткриеното оружје. Победоносниот човеколики мајмун го фрла оружјето во воздух и во тој момент филмот скокнува во иднината низ кадар кој ги поврзува коската со орбитирачки сателит направен од човекот.
{{endspoiler}}
 
==Преглед==
===Наслов===
 
На почетокот, Кјубрик и Кларк меѓусебно го нарекувале овој проект „Како го освоивме соларниот систем“, како омаж на популарниот вестерн на Ем-џи-ем „Како го освоивме западот“ од 1962 г. Но Кјубрик одлучил да го именува проектот „Патување отаде ѕвездите“ и ова го објавил на прес-конференција одржана на 23 февруари 1965. Сепак, и други наслови биле во игра, но „дури единаесет месеци по почетокот, во април 1965, Стенли го одбра ’2001: Одисеја во вселената’. Колку што се сеќавам, идејата беше чисто негова“, пишува Кларк. Со намера да го оддалечи неговиот филм од типичните тогашни научно-фантастични филмови во кои изобилуваат „чудовишта и секс“, Кјубрик ја зема [[Хомер|Хомеровата]] „[[Одисеја]]“ како инспирација за насловот. „Ни текна, вели тој, дека широките морски пространства за Грците биле исто толкава мистерија колкава што за нашата генерација денес е вселената“.
 
==Стил==
Кларк и Кјубрик симултано го пишувале романот и сценариото, но додека Кларк одлучува појасно да го објасни мистериозниот монолит и Ѕвездената порта во книгата, Кјубрик одлучува да го направи филмот позагадочен со тоа што дијалозите и објаснувањата ги сведува на минимум. „2001, вели Кјубрик, е невербално, визуелно искуство“ кое ги одбегнува зборовите сакајќи да допре до потсвеста на човекот на еден поетичен и филозофски начин. Филмот е субјективно искуство кое „допира до свеста на секој човек како музиката или сликарството“.
 
Некои гледачи велат дека филмот им предизвикал чувство на возвишеност и духовност. Роџер Еберт забележува: „одбиената музика на Норт, која е достапна да се купи, е добра филмска музика, но немаше да биде соодветна за „2001“ бидејќи, како и сите други филмски музики, се обидува да соодветствува со дејството, да дава ’емотивни’ знаци. Класичната музика која Кјубрик ја одбра постои надвор од дејствието. Го покрева. Сака да биде возвишена; визуелното го прави посериозно, трансцендентално“.
 
Грегори Каико, во својата книга, пишува дека „2001“ е илустрација на двете контрадикторни желби што нѐ мотивираат да ја истражуваме вселената: желба за нешто возвишено – нешто поразлично од нас, духовно, и желба за убавина која ќе ни „каже“ дека не сме веќе изгубени во вселената, туку дома.
 
== Белешки ==