Руска уставна криза (1992-1993): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Кризата била предизвикана од спротиставувањето на две политички сили: од една страна - Претседателот на Руската Федерација - [[Борис Елцин]] и контролираната од него извршна власт, а од друга страна - раководството и поголемиот дел од пратениците во Врховниот совет и Собранието на народните пратеници, на чело со [[Руслан Хасбулатов]] и потпретседателот на Русија - [[Александар Руцкој]].
 
== Позадина ==
 
Уставната криза во земјата станала како последица на промените во уставниот уред, новиот Устав и социо-економскиот развој на Руската федерација. Претседателот барал брзо усвојување на новиот Устав, зајакнување на претседателската власт и либерализација на економските реформи. Од друга страна Врховниот совет и Собранието на народните пратеници барале задржување на целата власт на парламентот и биле силно против новите реформи односно шок-терапијата.
 
Поддржувачите на Врховниот совет се надевале на сегашниот Устав, според кој (страна 104) највисок орган на државната власт на Руската Федерација е парламентот.